Таксист во Русија врати 4 милиони рубли заборавени од патници

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Единствено нејзината ќерка беше несреќна поради благородниот гест.

Оксана Милованова, таксист од јужниот руски град Ростов на Дон, пронајде торба со 4000000 рубли (70000 долари) која млад пар ја остави во нејзиниот автомобил.

Таа ги најде парите во автоперална и им ги врати на сопствениците преку курирска служба.

Колегите на Оксана го пофалија нејзиниот гест, а нејзиниот шеф ѝ исплати бонус.

Единствено незадоволна беше ќерката на Оксана, која мисли дека парите можеле да им помогнат со семејната хипотека. Но, Милованова е сигурна дека туѓи пари нема да им донесат среќа.

Патем, Ростов на Дон е еден од  Топ-10 руски градови за живот. Откријте зошто.