Московското метро во бета-режим започна со услугата „виртуелна библиотека“, пренесува M24.ru.
На платформите и ескалаторите во московското метро се наоѓаат 30 плакати со QR кодови, кои водат на интернет-страница каде може да се прочитаат или симнав книгите во најразлични формати. Се работи за околу 100 дела на руската класична литература – книгите на Пушкин, Лермонтов, Гогољ, Чехов, Булгаков и др. Како што изјави првиот заменик директор на метрото, Јуриј Дегтјарев, библиотеката уште е во тест-режим и може да биде пуштена во нормална употреба во средината на овој месец.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.