Жителите на Санкт Петербург очевидци на прекрасна појава во каналот „Грибоедов“

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Снегот и мразот формираат чудни слики на вода.

Само пред неколку часа корисниците на социјалните мрежи почнаа да споделуваат фотографии од чудна случка во водите на каналот „Грибоедов“ во Санкт Петербург.

„Извонредна слика на каналот – струјата ја собира замрзнатата вода како префинета свила со нежна проѕирна ткаенина“, напиша еден очевидец.

Претходно годинава таква појава беше исто така забележана во Новгородската област. Некои ја нарекуваат како „снежна сланина“ или „ледена паста“ – но тоа не ја опишува во целост убавината. Навистина ви го одзема здивот, нели?

Природата не е единствениот уметник во Русија кој прави ремек дела на вода.

Погледнете ја оваа сторија за  пензионерот кој прави чуда од снег на една замрзната река!