Зошто снимање на новата сезона на „Игра на тронови“ во Сибир воопшто не е лоша идеја?

Getty Images
Три причини во прилог на снимањето на осмата сезона на „Игра на тронови“ во Сибир.

Приватната руска компанија „Саха“ упати до Ејч-Би-О писмо со предлог осмата серија на „Игра на тронови“ да се снима во Јакутија.

Доколку се размисли малку подобро, тоа воопшто не е толку луда идеја. Јакутија е најоддалечениот сибирски регион кој се наоѓа околу 4000 км од Моксва. На нејзиниот простор би можеле да се сместат пет и пол држави големи колку Франција.

1. Јакутија е едно од најстудените пространства на светот, зиме температурата се спушта и до -77 степени Целзиусови. Од каде би можеле да дојдат Белите шетачи, ако не од едно од најстудените места на светот?

2. Некои од нестварните краеви на овој регион би биле идеални за крвава битка меѓу Белите шетачи и Седумте кралства. Сигурни сме дека би сакале да го видите Џон Сноу како таму ги тепа зомбијата, со столбовите на Лена во позадина!

3. Би било лесно да се држи целиот процес на снимање во тајност, затоа што Јакутија не е само еден од најголемите и најоддалечени региони во Русија, туку и еден од најслабо населените. Овде има само 0,31 жител на квадратен километар. Споредете го тоа со Москва во која на истиот простор се гужваат 4581 души! Покрај тоа, до Јакутија не е ниту лесно ниту евтино да се дојде, а до главниот град Јакутск сѐ уште не може да се стигне со воз! Так што ѕвездите на серијата во околина без папараци би можеле да се чувствуваат сигурно.

Бидете сигурни дека ништо од ова не е шега. Ако Ејч-Би-О се согласи наредните епизоди да ги снима во Јакутија, компанијата „Саха“ ветува дека ќе стори сѐ што може за да помогне во организацијата на снимањето. Кога Јакутите ќе кажат нешто, тогаш тие и стојат зад тоа!

Сепак, сѐ уште нем одговор од управата на Ејч-Би-О.

Следната, истовремено и последна сезона на „Игра на престоли“ би требало да се појави на почетокот на 2019 година. За да ви биде полесно чекањето, прочитајте  што би сакал писателот на „Игра на тронови“  да има во своите книги, а да биде поврзано со Русија.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња