Во московското метро премиера на новата сезона на „Игра на тронови“

Џон Сноу, лик од „Игра на тронови“

Џон Сноу, лик од „Игра на тронови“

kinopoisk.ru
Московјани ќе можат да бидат присутни на уникатна премиера на новата сезона на „Игра на тронови“.

Ноќта меѓу 17 и 18 јули во една од станиците во московското метро ќе се прикажува првата епизода од новата сезона на серијата „Игра на тронови“, изјавија од прес-службата на метрото за „Интерфакс“.

„За првпат во историјата премиерата на серијата ќе се одржи под земја. Таа ноќ гостите на уникатниот настан ќе се префрлат во бајковитиот Вестерос, каде ќе можат меѓу првите да ја гледаат на големиот екран првата епизода од седмата сезона“, изјави соговорникот на агенцијата.

Во холот на станицата гостите ќе ги пречекуваат актери во ликот на Белите талкачи, а на перонот ќе биде поставена копија на железниот престол на кој ќе можат да се фотографираат сите.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња