„Њузвик“: „Сомнителна сличност“ меѓу грбовите на Вестерос и руските градови

Сцена од серијата „Игра на престоли“.

Сцена од серијата „Игра на престоли“.

Kinopoisk.ru
Во пресрет на новите епизоди од серијата „Игра на тронови“ руските гледачи ја споредија хералдиката на благородничките семејства од фантастичната сага со грбовите на градовите на својата татковина. Според „Њузвик“, некои од нив се сомнително слични што, впрочем, и не е за изненадување, истакнува изданието, со оглед на големината на модерна Русија.

Љубителите на серијата „Игра на тронови“ бараат секакви сугестии за понатамошниот развој на сижето. И, според „Њузвик“, тие успеаја да утврдат тајна врска помеѓу грбовите на благородничките куќи на Вестерос и руските градови.

Грбот на куќата Ланистер и градот Краснојарск. Извор: PikabuГрбот на куќата Ланистер и градот Краснојарск. Извор: Pikabu

Така, „средновековниот свет на Џорџ Р. Р. Мартин со алчната борба за власт и деспотската политика многу наликува на современа Русија“, пишува изданието. Во крајна мера, имаат сличност во хералдиката, се прецизира во статијата. На пример, златниот лав на Ланистер сомнително потсетува на амблемот на сибирскиот град Краснојарск. Црниот елен на Баратеон пак, на седнатиот елен на грбот на Одинцово. Сепак, сличноста завршува со тоа, затоа што овие животни гледаат на различни страни, а одинцовскиот елен се наоѓа на сино-зелена позадина.

Грбот на куќата Баратеон и градот Одинцово. Извор: PikabuГрбот на куќата Баратеон и градот Одинцово. Извор: Pikabu

Сепак, понекогаш фановите на серијата гледаат аналогија за која изданието смета дека е претерана. На пример, трите елки на штитот на Толхарт само оддалеку потсетуваат на трите бора грбот на Димитровград.

Грбот на куќата Толхарт и градот Димитровград. Извор: PikabuГрбот на куќата Толхарт и градот Димитровград. Извор: Pikabu

Хералдиката на руските градови беше утврдена претежно во 2002 година. Првата книга на Мартин од оваа серија беше издадена во 1991 година. Впрочем, истакнува изданието, невозможно е да се избегнат коинциденции во земјата која се протега на повеќе од 17 милиони квадратни километри. Па сепак, во Русија обожаваат такви смешни моменти, згора на тоа што тие им помагаат на фановите додека ја чекаат новата епизода на „Игра на тронови“, пишува „Њузвик“, пренесува RT.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња