Ликот на Арја Старк во 6 сезона на „Игра на тронови“.
kinopoisk.ruАмериканскиот писател Џорџ Р.Р. Мартин изјави дека е подготвен во иднина да искористи настани од рускиот среден век при пишувањето на серијата книги „Песни за мраз и оган“.
Мартин призна дека историјата на Русија немала влијание врз романите од сагата. „Јас првенствено црпам инспирација од Стогодишната војна, војната на Розите, историјата на Франција“, објасни тој.
Писателот се пожали на фактот дека чита литература само на англиски јазик и дека не наидувал на книги за Стара Русија. „Ако најдам нешто за средновековната руската историја, ќе украдам неколку нешта за својот свет“, вети Мартин.
Авторот додава дека ги создал Дотраките, дивиот номадски народ, според монголските племиња, пренесува „Лента.ру“.
Претходно во средата Мартин призна дека го „убил“ ликот на Нед Старк во „Игра на престоли“, првиот роман од циклусот „Песни за мразот и огнот“, бидејќи сака да го држи читателот во постојана напрегнатост. „Тоа е книга во која сѐ може да се случи и ако се појави опасност, ликот може да не преживее“, објасни тој.
Книгите од сагата „Песни за мраз и оган" излезе во 1996 година. Во јули, Мартин најави две нови романа.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче