Владимир Путин ѝ подари на ученичка кученце лабрадор

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Рускиот претседател можеби и не е Дедо Мраз, но во ракавот има некои убави изненадувања.

Алина Бобок од Брјанската област на западот на Русија доби неочекувани новогодишен подарок од Владимир Путин. Таа преку веб-сајтот на претседателот испрати писмо во кое го замоли Путин да ѝ подари на нејзината мајка лабрадор. Оксана Бобок, имено, отсекогаш сакала ваков пес.

Девојчето не очекувало дека нејзиното писмо ќе има некаковефект, но одговорот стигна. Директорот на нејзиното училиште ја повика и ѝ кажа дека семејството Бобок наскоро ќе добие кученце лабрадор кое е посебно избрано.

Алина не е првото дете кое од претседателот на Русија добило новогодишен подарок. Едно девојче од Санкт Петербург претходно доби гитара, а друго од Удмуртија електрично пијано.