Рускaта дипломатија спаси еден був во Москва

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Да не беше Министерството за надворешни работи на РФ, на бувот ќе му пресудеа чавките!

Портпаролот на руското МНР Марија Захарова опиша на својата Фејсбук страница еден интересен настан од 14 декември во Москва.

Нејзините колеги тоа утро забележале був во крошната на дрво покрај една од зградите на Министерството за надворешни работи на Москва, пишува таа. Меѓутоа, бувот бил во опасност – го напаѓале чавки. А тој не се бранел, ниту се обидувал да избега.

Тогаш службениците во МНР на РФ ја симнале птицата од гранка, ѝ направиле мало гнездо во кутија, ја покриле со ќебе и почекале да дојдат ветеринари. Се претпоставува дека птицата си го повредила крилото. Бувот е засега на лекување, а Захарова вети дека ќе го следи развојот на ситуацијата.