Космодромот „Восточни“ опколен од волци

Мајкл Вебер/Global Look Press
На космодромот „Восточни“ во Амурската област вработените забележаа волци кои шетаат околу лансирната рампа и другите објекти.

„Редовно забележуваме траги кои се поголеми од кучешки“, велат вработените на космодромот и објаснуваат дека волчите патеки минуваат отприлика околу лансирната рампа.

Тука е сѐ уште свежо сеќавањето на блиската средба летово со волк. Животното на крајот на август скокнал во еден од градежните вагони, а чуварот подоцна го убил.

„Тоа се случи на метеоролошката станица до која води земјен пат и која се наоѓа зад лансирната рампа, практично во шумата. Волкот почна да го гони кучето што живееше на космодромот, влета во вагонот и го растргна. Работниците ја затворија вратата однадвор и ја повикаа полицијата, а волкот подоцна по наредба беше убиен од чувар“, рече еден од вработените на „Восточни“.

Оваа приказна ја потврди експертот од Управата за зачувување на животинскиот свет на Амурската област Денис Макаров. Тој вели дека се работи за вообичаена појава.

„Волците во Свободненскиот реон и понатаму ги има многу, би можело да се каже во границите на нормалното. Тие можат да мигрираат движејќи се по дива свиња или срни. Ловот започна на 15 октомври, дозволите ги издаваат ловните друштва“, рече Макаров.

Постојните патеки волците ги користат кога снегот е длабок, за да ја заштедата енергијата кога се движат, објаснуваат експертите.

„Космодромот е всушност огромна територија, во која во некои објекти има, а во други нема луѓе. За волците тоа е само тајга и сѐ додека овде можат да најдат храна, диви свињи, срни, зајаци и елени, тие нема да си отидат“, вели Максим Бормотов од Управата за зачувување на животинскиот свет, нагласувајќи дека волци има „повеќе отколку што би требало“.

„Нивната бројност секогаш мора вештачки да ја регулираме, односно да поттикнуваме лов преку специјални програми кои во моментов не функционираат. Програмата постоеше во периодот од 2013-2014 година кога на ловечките организации од регионалниот буџет им се проследени 1,5 милиони рубли, што резултираше со улов на повеќе од 150 животни“, велат упатените.

Космодромот „Восточни“ се гради во близина на градот Циолковски од 2012 година и ќе биде првиот цивилен национален космодром кој на Русија ќе ѝ обезбеди целосно независен пристап до вселената. Првото успешното лансирање на ракетата-носач „Сојуз-2.1“ беше извршено на 28 април минатата година.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња