Санкт Петербург ја доби најпрестижната награда World Travel Awards (популарно наречена „туристички Оскар“ од областа на туризмот во категоријата најдобра туристичка дестинација во Европа, соопштува „Бизнис Инсајдер“, а пренесува „RT“.
За да се определи победникот, илјадници патници и специјалисти кои работат во туристичката индустрија гласаат за номинациите во рани категории, објаснува изданието. Оваа година за најдобра туристичка дестинација во Европа беше прогласен рускиот град Санкт Петербург.
Северната руска престолнина е позната по своите богати дворци и цркви со богата историја, затоа и не е за изненадување што ова место стана идеална дестинација за патниците, истакнува „Бизнис Инсајдер“.
Како знаменитост која мора да се види, изданието го препорачува Храмот на Вознесение Христово кој плени со својот оригинален колорит и впечатливите мозаици.
Второ популарно туристичко место во Санкт Петербург е Зимскиот дворец, во кој се наоѓа и музејот Ермитаж, каде можат да се видат околу 700 илјади уметнички дела.
Самиот Зимски дворец се наоѓа на Дворцовиот плоштад – главниот плоштад на градот, каде може да се види и зградата на Главниот штаб и Александровскиот столб, се вели во статијата.
„Бизнис Инсајдер“ препорачува задолжително да се посетат Исаакиевскиот собор, Александровскиј сад, опеан од Пушкин, како и Екатеринскиот дворец. Исто така, во статијата се наведуваат и паркот „Петергоф“, зградата на „Домот на книгата“ и Морскио собор на Св. Николај Чудотворец.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче