Рускиот документарен филм The Road Movie ќе почне да се прикажува во американските кина во јануари 2018 година. Тоа е компилација од видео снимки со камери поставени на контролните табли на автомобилите. Компилацијата е собрана и уредена од режисерот Дмитриј Калашников.
Настаните вклучуваат комета која паѓа на Земјата, шумски пожар и луди луѓе кои изведуваат уште полуди работи на пат. Снимките се проследени со забавни коментари од возачите и патниците. Но, не е сѐ забава и игра.
„Овде подеднакво сме сведоци и на хумор, и на трагедија“, изјави Калашников за „Холивуд Рипортер“. „Камерата во возилото на ниту еден начин не влијае на својата околина и затоа нуди совршени услови за објективен документарен филм. Навистина ја отсликува суштината на рускиот живот и рускиот однос спрема живот. Тоа е еден многу руски филм“, изјави тој.
Доколку сакате да ја проверите таканаречената „руска суштина“ пред филмот да почне да се прикажува во кината, Russia Beyond-Македонија е вистинското место за тоа.