Видео: Најлудите и најчудните снимки од возило на руските патишта

Возењето во Русија може да биде екстремна авантура, со луди возачи, диви животни кои се појавуваат од никаде и брутални судири. Ви ја претставуваме нашата збирка на најизненадувачки и најлуди снимки од возила на руските патишта.

Камерите во возилата се исклучително популарни меѓу Русите.

Во Русија често се користат за да се дадат конкретни правни докази против какви било погрешни интерпретации на настани.

Со оглед на тоа дека сѐ што се случува пред автомобилот се бележи, невозможно е да се измами полицијата.

За докажување на вината на возачот на суд, главна е снимката – особено ако нема сведоци.

Руската љубов спрема камерите во возилата го привлече вниманието на целиот свет.

Според некои странски коментатори, руските снимки од возилата се позабавни од холивудските филмови!

Како што еднаш рече поранешниот водител на американското „Дејли шоу“ Џон Стјуарт: „Русија е како Grand Theft Auto во вистинскиот живот!“

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња