„Ти задира во душата “: Путин го гледаше новиот историски акциски филм „Легендата за Коловрат“

kinopoisk.ru
Пред денешното пуштање во редовна дистрибуција на новиот руски авантуристички филм „Легендата за Коловрат“, шефот на руската држава го гледаше ова остварување синоќа во друштво на министерот за култура на Русија Владимир Мединск, режисерот Џахонгир Фајзиев и толкувачите на главните улоги Илија Малаков и Полина Чернишева, со кои по проекцијата ги сподели впечатоците.

„Она што го видов е импресивно, ти задира во душата, имам впечаток дека на луѓето ќе им биде интересен. И самата идеја е одлична“, рече Путин.

Според репортерот на НТВ Сергеј Сиркин со проекцијата на филмот е завршен мошне напорниот ден на претседателот, па по средбата со кинеската делегација филмот му бил прикажан во Кремљ.

Филмот е заснован на староруската Приказна за уништувањето на Рјазањ од страна на ханот Батиј во 13 век и е многу емотивен. На војската на Ордата ѝ се спротивставуваат обичните граѓани на Рјазањ, обединети под раководството на војводата Евпатиј Коловрат. Филмот ќе ја освои публиката и со исклучително високиот ефект на специјалните ефекти и пресвртите во сценариото, а бидејќи се разликува од познатиот еп, ќе ја држи во неизвесност до последната минута, вели Сиркин. 

„Идејата е добра. Обединувањето ни дава дополнителна сила и нѐ учи да победуваме. И способноста заеднички да се дејствува е од исклучително значење за постигнување на крајните цели“, изјави по проекцијата Путин.

Во разговор со режисерот Фајзиев шефот на руската држава му посака многу успех во кината и со насмевка го замоли следниот филм да биде за триумф на рускиот херој, за победата на руските јунаци, кои за разлика од „Легендата за Коловрат“, ќе ги закопуваат странските освојувачи со сите почести.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња