Клонирани песови чуваат сибирски затвор

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Тоа е кучешки живот (x2).

Затворот во сибирската република Саха (Јакутија) има еден пар нови чувари.

Два клонирани германски овчари – Џек и Том – се одгледани во Јужна Кореја во 2015 година, а на регионалната филијала на Руското воено-историско друштво во Саха ѝ се предадени како подарок по повод 60-годишнината од постоењето. Друштвото му ги даде песовите на затворот.

Тоа се единствените клонови во Русија. Веќе знаат да пронајдат одредени предмети по мирисот и да следат трага. Затоа, со среќа нека им е на сите затвореници кои се обидуваат да побегнат – Џек и Том ќе им бидат зад петици.