Како „обичен човек“ може сам да преживее во екстремни услови? Објавуваме неколку совети од руските воени разузнавачи.
Онаму кадешто нема извори и шумски потоци водата најлесно може да се обезбеди така што ќе се врзе кеса на дното од стеблото на некоја билка. Така, за еден час може да се собере 50 милилитри вода. Може да се кондензира и влага од површината на земјата, од откинати листови, трева или мов. Потребно е да се ископа дупка и во центарот да се стави нешто за собирање вода и сето тоа да се покрие под кеса која не е изложена на сончева светлина. Така може да се добие околу 300 милилитри вода за 24 часа.
Обична кеса може да послужи и за други намени, и затоа таа е незаменлив „прибор“ на разузнавачите. На пример, може да се наполни со вода така што ќе ја собира сончевата светлина како сочиво во една точка и на тој начин може да се запали оган.
Современите методики за преживување на воените разузнавачи советуваат дека за наоѓањето храна се применуваат разни замки и стапици кои можат да се направат од нож и врвки. Нешто слично користеше Џон Рамбо за „лов“ на полицијата. Со помош на овие средства може да се убие дури и мошне внимателно животно, како што е дивиот вепар. Но, не треба да се заборави дека успешен лов е можен доколку стапицата се постави на патеката на која поминуваат животните. Доколку е потребна храна, покрај цицачи може да се користат и влекачи, како и печурки, шумски плодови и слично.
На човек кој останал сам во шумата не му е лесно да направи колиба од заострен колец и големи гранки. Затоа постои поедноставен начин да се направи скривалиште во зависност од релјефот и вегетацијата. Може да се искористи дрво со густа крошна што го соборило ветар и дополнително да се покрие со кора или со гранки од четинар. Скривалиште може брзо да се направи и со свивање и преплетување потенки стебла и гранки покрај дебели стебла.
За добро планирање на понатамошните дејствија потребно е да се предвидат и временските услови. Доколку доаѓа лошо време треба да се остане во скривалиштето, а на ведро време треба да се побара излез од шумата.
Времето може да се предвиди според многу појави. Во средниот појас на европскиот дел од Русија денот ќе биде ведар ако се присутни следниве појави: ведра ноќ со небо полно ѕвезди, месечината силно свети, зората има златести или бледи румени нијанси; ноќта нема ветар, а преку ден ветрот дува, па навечер повторно се смирува; чадот од огнот се крева право нагоре; ноќта има доста роса (а, назима има доста слана), густа утринска магла која исчезнува кога ќе излезе сонцето; мравките се мошне активни, во тревата има баеги пајажина, цвеќињата широко ги отвораат латиците и јагленот во огнот брзо се покрива со пепел. Влошување на времето најавуваат следниве појави: посилно дува ветар, нема роса, цветовите го затвораат латиците, мравките се кријат во мравјалниците, не се гледаат инсекти во воздухот и на билките, пчелите се враќаат во кошниците, а глистите излегуваат од земјата.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче