Кога краснојарските комуналци косат снег

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Што се случи?

Камерите на мобилните телефони на 21 ноември ги снимија работниците на комуналната служба на градот Краснојарск во акција за поткастрување на тревата.

Така и треба, би рекле, но од тревата нема ни трага – ја покрил снег.

Градските власти сѐ уште не даваат коментар по повод овој интересен настан, а социјалните мрежи никако да запрат во обидот да го најдат вистинското објаснување за косењето на снегот. Еве неколку верзии:

- Буџетот мора да се потроши до крајот на годината!

- Подобро доцна отколку никогаш.

- Најобична активност на комуналните служби која се повторува од ноември до ноември.

- Не гледам ништо чудно. Снегот мора да легне рамно...