И убава и умна: најдоброто од „Инстаграмот“ на новата портпаролка на Шојгу

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
26-годишната бринета Росијана е во центарот на вниманието на медиумите по унапредувањето до „самиот врв“.

Како што веќе пишувавме, една од ударните вести последниве денови, како во светот така и во Русија беше изборот на новата портпаролка на рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу. На оваа должност е избрана 26-годишната ТВ новинарка Росијана Марковскаја.

Убавата девојка со необично име за миг му ја украде сета слава на министерот Шојгу. Доволно е да се погледнат овие фотографии за да ви стане јасно.

Росијана Марковскаја е родена на 6 јануари 1991 година. Заврши Факултет за новинарство на Далекуисточниот федерален универзитет, потоа работеше како дописник и ТВ-водителка, како автор на програмата на ГТРК „Владивосток“. Марковскаја исто така работеше и на ТВ-каналот „Ѕвезда“.