Росијана Марковскаja, новата портпаролка на министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу.
facebook/rossiyana.markovskaya„Таа одлука е донесена на 15 ноември“, изјави Марковскаја за агенцијата „РИА Новости“, а пренесува порталот rg.ru.
Таа појасни дека ќе работи како портпаролка на министерот за одбрана, додека Игор Конашенков и понатаму ќе биде шеф на информативната служба на Министерството за одбрана на Русија.
Росијана Марковскаја е родена на 6 јануари 1991 година. Има дипломирано на Факултетот за журналистика на Далекуисточниот федерален универзитет, потоа работела како дописник и водителка на вести и како авторка на програма на ГТРК „Владивосток“. Марковскаја исто така има работено и во ТВ-каналот „Ѕвезда“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче