Веб-сајт за вработување објави оглас за „Претседател на Русија“

Reuters

Веб-сајтот „Суперџоб“ (Superjob) огласи слободно работно место за „Претседател на Руската Федерација“ пред изборите во 2018 година. Кандидатот треба да биде над 35 години, но полот и образованието не се важни и не е потребно искуство. Кандидатот треба да има активна позиција во јавниот живот и да биде патриот. Покрај тоа, идеалниот кандидат за претседател треба да има руско државјанство најмалку 10 години и треба да зборува барем еден странски јазик. Идниот лидер, исто така, треба да биде подготвен за многу деловни патувања.

Работните обврски вклучуваат потпишување на федерални закони, меѓународни договори, амнестии, воени преговори и друго.

Понудата за работа вклучува личен авион, државен стан и викендичка, лична канцеларија со внатрешен поглед на Кремљ и бесплатен превоз до канцеларијата.

Според „Суперџоб“, огласувањето за слободно работно место Претседател пред изборите е традиција за нив. „Ние само би сакале да ги потсетиме сите дека е и претседател е работа, исто така“, изјавија оттаму за РИА „Новости“. „И милиони Руси можат да изберат ... или да бидат избрани“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе