Поранешен британски шпион објасни зошто премина на страната на СССР

Џорџ Блејк на конференција за новинарите во Москва на 15. јануари 1992 година.

Џорџ Блејк на конференција за новинарите во Москва на 15. јануари 1992 година.

AP
Легендарниот Џорџ Блејк објасни на својот 95 роденден зошто ја промени страната.

Поранешниот британски разузнавач стана агент и полковник на советската разузнавачка служба во СССР, а потоа и во Русија каде што живееше 52 години по бегството од британски затвор.

Тој објасни зошто ѝ сврти грб на својата кралица и својата земја, велејќи дека Корејската војна одиграла важна улога. Блејк во тој конфликт видел како „американската воена машинерија“ убива десетици цивили.

„Тогаш сфатив дека сличните конфликти се смртна опасност за целото човештво и ја донесов најважната одлука во својот живот. Почнав активно и бескомпромисно да соработувам со советската надворешна служба за разузнавање заради мир во светот“, рече Блејк.

Познатиот разузнавач им се обрати и на колегите во Русија, пофалувајќи ги напорите кои тие ги вложуваат во борбата против опасноста од нуклеарен конфликт и тероризмот.

Блејк во 1961 година го предаваат полски разузнавачи. Тогаш тој е осуден во Велика Британија на 42 години затвор. Четири години подоцна успева да побегне од затвор и на крај стигнува до Москва каде што се трајно се населува, соопштува агенцијата ТАСС.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе