„Аерофлот“ ќе го реши проблемот на несоница и шушкање на целофан

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Рускиот авиопревозник вети дека ќе го реши проблемот со шушкањето на целофанот, откако еден патник побара да му се исплатат 17000 долари поради ненаспаност и нарушени преговарачки способности по еден лет.

Најголемиот руски авиопревозник вети дека ќе стори нешто по прашањето на „шушкавиот целофан“ што се користи за пакување на оброците. Претходно жител на Сочи, Лав Левченко го тужеше „Аерофлот“, затоа што не можел да заспие во текот на еден лет и бараше 999999 рубли, односно околу 17000 американски долари, затоа што не можел да спие додека се делела храната.

„Добив повик од претставник на „Аерофлот“. Ми рекоа дека го разгледуваат мојот случај и ветија да го решат проблемот, и дека моите барања стигнале до генералниот директор на компанијата“, рече Левченко. Тој додаде дека дијалогот бил пријатен и убедлив и дека решил да ја повлече тужбата.