Путин: Љубовта кон Татковината е запишана во гените на Русите

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Шефот на руската држава Владимир Путин истакна дека во времето на тешките искушенија „единството и патриотизмот му беа на народот најцврстата потпора“.

Грижата за Татковината и неприфаќањето на притисок отстрана се запишани во генетскиот и културен код на рускиот народ, изјави претседателот на Русија Владимир Путин на церемонијата на доделување на државни одликувања по повод одбележувањето на Денот на народното единство.

„Нашата историја содржи голем број примери на непобедливото единство. Слогата и патриотизмот беа за рускиот народ најцврстата потпора во времето на тешките искушенија и при решавањето на големите развојни задачи. Грижата за Татковината, верноста на искреното пријателство и неприфаќањето на какво било притисок однадвор – тоа се носечките столбови на руската државност, нашиот  генетски и културен код”, рече Путин.

Тој додаде дека „Денот на народното единство сведочи за една голема вистина: да се сака својата Татковина, да се гордее со неа и да се почитува“.