Видео: Како Ту-22М3 се подготвуваат за бомбардирање на терористите во Сирија

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
На интернет се појавија снимки од подготовката на стратешките носачи на ракети на Воздушно-космичките сили на Русија за напад врз објекти на терористите во Сирија.

Шесте бомбардери Ту-22М3 кои полетаа од своите аеродроми во Русија ракетираа командни постови и терористички упоришта, складови за оружје и скривалишта на воена техника во сириската покраина Деир ез-Зор. Фрлени се 18 тони бомби чија поединечна тежина изнесуваше 500 килограми, а радарите регистрираа дека сите цели се погодени.

Телевизијата „Ѕвезда“ објави две видео-снимки. На првата се гледаат подготовките на носачите на ракети за извршување на задачите, уфрлувањето на бомбите во отсекот за вооружување, загревањето и полетувањето, додека втората е направена од кабина на ловец Су-30СМ. На неа е забележано исфрлувањето на проектилите. Ловци од воздухопловната база Хмејмим ја обезбедуваа работата на Ту-22М3.