Ја контролираат длабочината и височината: Површинските поморски сили на руската Воена морнарица

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Површинските поморски сили на руската Воена морнарица го слават својот професионален празник. По тој повод Министерството за одбрана на РФ објави снимка со најефектните моменти од нивните маневри.

Површинските поморски сили се многу важна структура на Воената морнарица на РФ. Тие го обезбедуваат пристигнувањето и распоредување на подморниците на подрачјето на борбени дејствија, како и нивното враќање во базите, а исто така и превозот на десантните трупи и покривање на десантот, соопштува Министерството за одбрана на РФ.

Воените бродови ја играат главната улога и во поставувањето на мини, како и во деминирањето на водните патишта. Во маневрите тие обезбедуваат поддршка со стрелба.

По повод професионалниот празник на морнарите на воените бродови, Министерството за одбрана на РФ објави снимка со најефектните моменти од нивните маневри.

Балтичката, Северната, Црноморската и Тихоокеанската флота и Касписката флотила поседуваат нуклеарни и ракетни крстосувачи, разурнувачи, корвети, големи и мали противподморнички бродови, патролни и мали артилериски бродови, ракетни, десантни и артилериски чамци, миноловци и други видови бродови. Главниот брод на Воената морнарица на РФ е тешкиот крстосувач и носач на авиони „Адмирал Кузнецов“. На него може да се базираат и опслужуваат 28 авиони и 24 хеликоптери. Во арсеналот има 12 лансери 4К-80 и тешки ракети „Гранит“.

Воените бродови на Балтичката флота, на пример, од почетокот на оваа година поминаа на море повеќе од 1500 часови и учествуваа во заеднички мисии и гаѓања од ракетни лансери.