Еден од најголемите руски производители на автомобили, О.А.Д. „АвтоВАЗ“, неодамна наполни 46 години. А, на 7 септември 2010 година се навршија 40 години откако на автомобилот „ВАЗ-2101“ му е дадено името „Жигули“. Името на автомобилот произведен во Толјати е избрано на сојузниот конкурс кој бил објавен во весниците. Од околу 30 илјади писма и телеграми, колку што вкупно стасале, државната комисија избрала осум имиња, а конструкторот Чорниј предложил едно: Жигули. Владата го прифатила неговиот предлог.
Штом овој советски автомобил почнал да се произведува за извоз, веднаш се појавил проблем со името „Жигули‘‘. За руското уво тоа звучело природно, но, не само што странците не можеле да го изговорат, ами излегло дека во некои јазици постојат слични зборови со непристојна конотација.
Била донесена одлука да се измисли ново име за автомобилите наменети за извоз. Во 1973 година се појавило убаво и едноставно име: „Лада‘‘.
Денес „Лада“ е основен бренд кој се развива и, иако „АвтоВАЗ“ на новите проекти им дава нови имиња, сепак ѝ останува верен на „Лада‘‘.
Претпријатието порано произведувало автомобили од марката „ВАЗ“ со називи „Жигули“, „Нива“, „Спутник“, „Самара“, „Ока“. Денас произведува автомобили од марката „Lada“ („Лада“), но тие и понатаму се нарекуваат „ваз“.
„АвтоВаз“ во изминативе години произведе над 100 модели и модификации на автомобили. Називите се менуваа еден со друг: „Самара“, „Бора-21“, „Нива“, „Спутник“, „ОКА“, „Ељф“, „Гном“, „Рапан“, „Голфкар“, „Карат“, „Питер-Турбо“ (roadster), „Лада-Аеро“, „Антел“, „LADA Revolution“, „Силует“.
Познавачите се сеќаваат и на модернизираните верзии со „лични‘‘ имиња: „Жолта ајкула“, „Црвена пчела“ (Red Bee), „Куршум“ (Bullet) – сиве овие беа ексклузивни автомобили на база на моделот „ВАЗ-21106“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче