Во 70-те и 80-те години од минатиот век страста кон автомобилите доби нова политичка нијанса. Едно народно движење сакаше во целост да ја забрани употребата на автомобилите, а друго гледаше на автомобилите со сомневање. Но една марка, „Лада“, им одговараше на сите, пишува финскиот весник Ilta-Sanomat.
„Fiat 124“ кој беше претставен 1966 година беше релативно модерен, простран и мошне напреден автомобил за своето време. Кога во средината на 70-те овој модел застаре, производството во Советскиот Сојуз веќе заживеа.
Во градот Толјати во Самарската област државниот завод „АвтоВАЗ” во духот на планската економија неколку децении произведуваше превозно средство кое го купуваа не само работниците во земјата, туку беше извезувано и во таканаречените западни земји. Или барем во оние западни земји каде некои луѓе веруваа во советските идеи.
„Ладата“ претставена 1971 година беше во многу нешта копија на „Фиат“, но Русите направија од неа малку побавно возило, меѓутоа поповолно за суровите климатски услови, пишува финскиот весник.
„Ладата“ добро се продаваше во Финска, но имаше тука разни трикови. Делумно успехот на „Лада“ во статистиката за продажба се појави благодарение на тоа што увозникот ги даваше податоците за сите продадени „Лади“ во еден статистички извештај, додека другите марки се делеа според моделите.
Па сепак, „Lada 1200“ (ВАЗ 2101) за источниот купувач беше добар, топол и евтин автомобил. Можеби не толку добар како што се чини денеска во сеќавањето на тие денови, но сепак сосем задоволителен. „Ладите“ ги полнеа паркинзите во предградијата и дворовите во фабриките. Ги имаше во сите бои во кои можеше да се обои во рамките на планското производство, пренесува ИноСМИ.
И, се разбира, додека од гледна точка на работниот народ западниот автомобил беше само остаток од буржоаскиот живот, „Лада“ беше најдобриот пример за генијалноста на инженерската мисла на источниот пријател, се наведува во статијата.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче