Корветите на Балтичката флота се упатија на мисија во Атлантскиот океан

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Главна задача на мисијата е обезбедување на воено-поморско присуство и демонстрација на Андреевското знаме во разни подрачја на Атлантскиот океан.

По свеченото испраќање со акордите на маршот „Проштавањето на Славјанка“, одредот бродови на Балтичката флота во чиј состав се корветите „Бојки“ и „Сообразитељни“, како и танкерот „Кола“, исплови од пристаништето Балтијск и тргна на мисија во Атлантскиот океан, соопшти претставникот на флотата Роман Мартов.

Во текот на претстојната мисија бродските посади ќе реализираат неколку наставно-борбени задачи, меѓу кои се заеднички вежби за воспоставување на врска, противвоздушна и противподморничка одбрана, како и дополна на залихи на море на разни начини, рече офицерот. Тој прецизираше дека главната задача на мисијата е обезбедување воено-поморско присуство и демонстрација на Андреевското знаме во разни подрачја на Атлантскиот океан. 

На палубите на корветите се наоѓаат хеликоптери Ка-27ПС, а посадите се составени од припадници на единиците на морнаричката пешадија кои поминале специјална обука. Предвидено е со пилотите да увежбуваат трагање по подморници на условен противник, откривање на површински цели и спасувачки операции.

Морнарите се испратени на свеченоста во базата во Балтијск. По должината на пристаништето беа построени посадите на бродската формација, а морнарите беа испратени и од членовите на нивните семејства и пријателите. На митингот зборуваа претставници на командата на Балтичката флота и ветерани на Големата татковинска војна. Бродовите треба да ги поминат скандинавските мореузи Категат и Скагерак.