Видео: Путин доби кутре од расата алабај по име Верни

Reuters
Владимир Путин доби уште еден пес, средноазиски овчар (алабај) по име Верни (верен).

На состанокот во Сочи во пресрет на самитот на Заедницата на независни држави претседателот на Туркменистан Гурбангули Бердимухамедов на својот руски колега му подари кученце од средноазиски овчар.

Бердимухамедов му го честиташе роденденот на Владимир Путин. „Ако ми дозволите, би сакал да почнам со пријатна задача“, рече тој. „Неодамна имавте убав ден, ден на анѓелот и затоа од сѐ срце Ви честитам. Ви посакувам, се разбира, пред сѐ, добро здравје, успех и сѐ најдобро.”

„Знам да многу правите за прашањето на екологијата, не само во Вашата земја, туку и во светот. Ние имаме еден заеднички пријател, тоа сигурно го знаете, тоа е кучето, алабајот. И денес со себе донесов еден мал алабај, името му е Верни (Верен)”, се насмевна Бердимухамедов. „Мислам дека и кај вас тоа е популарно име. Кога ги одржувавме Азиските игри, главен симбол беше токму алабајот“.

„Мислам дека ќе Ви се допадне. Тие се навистина добри”, рече туркменистанскиот лидер за кученцето“. „Тоа ми е веќе познато“, се насмеа Путин. „Но, што е најважно, многу се верни”, додаде Бердимухамедов.

Беше внесена корпата со кученцето. Претседателот на Туркменистан го фати кученцето зад вратот и му го предаде на Путин. Рускиот претседател го прифати кученцето и го погали.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња