Скајскенер: Униформите на „Аерофлот“ се наелегантни во Европа

Според истражувањето на „Скајскенер“, сајтот за пребарување на авиобилети, униформата на стјуардот и стјуардесата во „Аерофлот“ е прогласена за најелегантна во Европа.

Според истражувањето на „Скајскенер“, сајтот за пребарување на авиобилети, униформата на стјуардот и стјуардесата во „Аерофлот“ е прогласена за најелегантна во Европа.

Истражувањето е спроведено врз основа на анкета, во кој учествувале преку илјада патници, кои биле замолени со оцена од 1 до 5 да го оценат изгледот на униформите на стјуардите и стјуардесите на сите водечки европски авиокомпании.

Според патниците, на првото место се најде униформата на екипажот на „Аерофлот“, која се користи од 2010 година. Зимската и летната машка униформа се со темносина боја. Женската униформа е во две бои: зимската е темносина, а летната е со боја на црвена мандарина. За униформата на „Аерофлот“ се карактеристични манжетни со легендарната „птичка“, која е амблем на авиокомпанијата. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња