Жител на Омск исече „Лада 1600“ и ја продаде како старо железо за да не плати данок

Павел Стариков/FLICKR.COM
Жител на градот Омск во југозападен Сибир во Русија го исече својот автомобил ВАЗ-2016 (кај нас и на странските пазари попознат како „Лада 1600) и го продаде како старо железо за да избегне плаќање на данокот на користење на возило.

Мажот пријавил во полиција дека му е украдена црвена „Лада 1600“, за што исто така сведочела и негова блиска роднина.

Во текот на истражната постапка припадниците на истражните органи откриле дека оштетениот долго време не плаќал данок. По тој повод судските извршители наложиле забрана за регистрирање на превозно средство. Покрај тоа, полицијата утврдила дека една недела претходно мажот го исекол возилото и го однел на отпад.

На тој незаконски начин сакал да се ослободи од долгот и неисправниот автомобил, соопшти управата на регионалното МВР.

Се прецизира и дека мажот го правел тоа свесно, па затоа против него е поднесена кривична пријава според член 306 од Кривичниот законик на Руската Федерација.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња