Стар дрвен мост и црквата „Св. Петка“ во селото Исмајловски во националниот парк Кенозеро.
Алексеј Куденко/РИА „Новости“Жителите на Алтај Јуриј Василев и Евгениј Левин го обновија висечкиот Ајски мост преку реката Катуњ, изграден во средината 20. век. Тие продадоа стан, гаража и автомобил „Ленд Крузер“ за да го поправат преминот преку реката кај селото Аја.
Според Василев, тие го забележале мостот пред четири години кога поминувале оттаму. Провериле и дознале дека преминот е затворен во 2011 година, затоа што претходниот сопственик немал пари за поправка. Локалните власти во тоа време изградија нов мост преку Катуњ и затоа не сакале да го обноват стариот мост.
Левин и Василев се обратиле до администрацијата на републиката со желба да го откупат мостот.
„Ни беше жал, затоа што тоа е мост со историја. Мостот кој ја поврзува републиката и крајот, визит-картата на Алтај. Размислувавме за тоа зошто мостот е напуштен и како би можеле да го спасиме“, објаснува Тоа беше тажно, бидејќи тоа е мост со историја. Мостот што ги поврзува Република Василев, пренесува tjournal.ru.
Василев го продал својот стан за кој штедел уште од студентски денови, а Левин автомобил „Ленд Крузер“ и гаража. Во 2013 година за поправка платиле 4 милиони рубли (околу 57 илјади евра), а за уште четири години вложиле дополнителни 6 милиони рубли (околу 86 милиони евра).
Двајцата пријатели сами го поправале мостот за да заштедат пари. Имале помош од локалните жители, од кои многумина учествувале во изградбата на мостот 1979 година.
Алтајците планираат покрај мостот да отворат продавница за сувенири и мало одморалиште и сакаат да ја откупат територијата на мостот од републичките власти.
Тие не сакаат да го направат мостот достапен за моторни возила ниту да наплаќаат патарина. Сега преминот преку Ајскиот мост чини 50 рубли (0,7 евра) по лице.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче