Московскиот средишен прстен за година дена превезе повеќе од 97 милиони патници

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Московскиот средишен прстен на 7 септември превезе повеќе од 385 илјади патници во еден ден и со тоа го сруши рекордот.

Московскиот средишен прстен (MCK) ја одбележува првата годишнина од пуштањето во погон. За година дена со кружната железница се превезени околу 97 милиони патници – прстенот секојдневно превезува 370 илјади Московјани и гости на рускиот главен град, изјави за ТАСС заменик-раководителот на Московското метро Роман Латипов.

„На 7 септември, три дена пред годишнината од пуштањето во погон, на Московскиот средиштен прстен е срушен рекордот – во еден ден прстенот превезе 385257 луѓе. Од моментот на пуштање во работа, бројот на превезени патници веќе надмина 97 милиони“, изјави тој. „Пуштањето во погон на патничкиот сообраќај на Московскиот средишен прстен се одржа на 10 септември 2016 година. За жителите на Москва и Подмосквјето денес се достапни 14 трансфери на станиците во метрото и 10 трансфери на приградските електрични возови. Благодарејќи на пуштањето во погон на Московскиот средишен прстен, возењата по градот станаа побрзи во просек за 20 минути“, додаде Латипов.

Московскиот средишен прстен е 54 км долга линија по која возат 42 возови „Ласточка“.

Како се развиваше московското метро во претходните 82 години

Анкета: Што им недостига на московјаните?