Анкета: Што им недостига на московјаните?

Москва-Сити

Москва-Сити

Владимир Сергеев/RIA Novosti
„Левада-центар“ направи своја анкета за Москва.

На жителите на Москва им недостигаат чист воздух (49%), тоалети (40%) и паркинзи за автомобилите (34%), како и базени и спортски комплекси (23%), ги пренесува ИA REGNUM податоците од анкетата што ја спроведе „Левада-центарот“.  

На московјаните најмалку им недостигаат улични кафулиња во кои може нешто да се касне и да се седне (9%) и библиотеки (6%). Само 1% од испитаниците се задоволни со сѐ во градот.

Во последниве 20 години жителите на Москва почнаа многу поретко да укажуваат на недостигот од градски паркови и игралишта за деца.

Најголема поддршка меѓу иницијативите на московските власти има „Велобајк“. Оваа иницијатива ја одобруваат 70% од граѓаните.

Покрај тоа, 63% од жителите на Москва ги одобруваат работите за подобрување на градот (проширување на тротоарите, замена на плочките, садење дрва), изградба на нови православни цркви (58%), како и програмата за реновирање и рушење на киосците и павилјоните во метрото и на станиците (по 54%).

Притоа мнозинството испитаници се противи на воведувањето платен паркинг во центарот на градот (40%).

Како и пред 20 години, главното превозно средство за московјаните останува метрото (70% -1997 година, 74% - 2017 година).

На второ место е автобусот (56%). Треба да се напомене дека третото место меѓу основните превозни средства му припаѓа на сопствениот автомобил (24%), а по него следуваат тролејбусот (17%) и трамвајот (16%).

13% од испитаниците преферираат маршрутка (приватен минибус),  10% такси, 9% електричен воз, a 5% од граѓаните возат велосипед.

Истражувањето беше спроведено од 23 до 31 август 2017 година на 506 лица.

Анкета: Каде е подобро да се живее - во Москва или надвор од неа

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња