Се смета дека традиционални руски палачинки се токму дебелите палачинки со квасец. Антон Чехов во расказот „За минливоста“ ја споредува оваа вкусна слатка со „рамото на ќерката на трговецот“.
Порано за дебели палачинки однапред се подготвувало посебно предјадење или домашен квасец и се печеле на печка. Денес процесот е поедноставен со користење на купечки квасец. Но, доколку сакате да добиете дебели палачинки кои ќе бидат меки и воздушести „како бабините“,би било добро тестото да го оставите да отстои барем еден час пред да се пече.
1. Растворете го квасецот во топло млеко (30 - 35°C).
2. Брашното измешајте го со шеќерот и солта, потоа додајте го во млекото и измешајте сé. Јајцето полека исчукајте го и додајте го во тестото и измешајте.
3. Путерот стопете го и додајте го во тестото, измешајте.
4. Покријте го садот со крпа и оставете го тестото на топло место околу час и половина. Потоа измешајте го тестото и оставете го повторно да нарасне (околу уште 1,5 час). Ако користите сув квасец, доволно е да го оставите тестото да отстои еден час. Погрижете се тестото да се зголеми во волумен и да се појават многу меурчиња на површината.
5. Сега треба да загреете тиган со дебело дно и да го премачкате со масло.
6. Тестото се истура во тиганот со црпалка, а потоа вртејќи го тиганот разлејте го по целата површина во вид на круг.
7. Покријте го тиганот и печете ја палачинката околу две минути од двете страни.
8. Извадете ја палачинката и премачкајте ја со растопен путер од двете страни. Со овие дебели палачинки послужете млеко, слатка павлака, слатко, мед, кавијар или парчиња лосос.
Овие палачинки се карактеризираат со еластично тесто и интересен изглед со дупчиња. Главната специфичност на нивната подготовка е тоа што во тестото се додава врела вода. Се прават брзо, а се јадат уште побрзо.
1. Во длабок сад скршете 3 јајца и додајте прстофат сол. Матете со миксер додека не се добие пена.
2. Додајте шеќер и долејте половина млеко на собна температура. Измешајте сè.
3. Додајте го просеаното брашно и внимателно измешајте да нема грутчиња.
4. Додајте го преостанатото млеко и измешајте.
5. Сипете чаша врела вода и брзо измешајте сè со маталка.
6. Во тестото додајте го маслото и измешајте. Оставете го 10 минути.
7. Премачкајте го тавчето со масло и печете ја палачинката во загреаното тавче од двете страни додека не добие златна боја. Тенките палачинки може да се јадат сами или со намаз по желба.
Палачинките одлично се согласуваат со различни филови, а кај овој тип на палачинки филот се додава во текот на печењето. Најчесто се користи сирење, печурки, млад кромид, варени јајца, солена риба, рендан кашкавал или бобинки и друго овошје.
1. Во сад истурете го топлото млеко (30-35°C) и додајте топла вода со иста температура.
2. Додајте ги јајцата, солта, шеќерот и измешајте сè.
3. Во друг сад, во кој ќе го матете тестото, измешајте ги брашното и квасецот.
4. Во брашното со квасецот малку по малку додавајте ја смесата со млекото и јајцата, постојано мешајќи со маталка. Покријте го со крпа и оставете го тестото на топло место да отстои околу еден час.
5. За тоа време подгответе го филот. Измијте ги и ситно исечкајте ги шампињоните (или други печурки). Исечкајте го и кромидот. Можете да додадете некои зачински билки или лиснат зеленчук за боја (мирудија, магдонос или спанаќ). Пржете го филот на масло околу 5 минути (ако имате други печурки освен шампињони, пржете малку подолго).
6. Кога тестото малку ќе нарасне, а на површината ќе се појават меурчиња, се додава маслото и се меша. Оставете уште 20 минути. Тестото се меша уште еднаш пред да се пече.
7. Убаво загрејте го тавчето и премачкајте го со масло.
8. Тестото го истураме во тавчето со црпалка, одозгора го ставаме филот и нежно го притискаме со лажица за да се залепи за тестото.
9. Печете на средна температура додека не порумени, потоа превртете и печете од другата страна. Пред да ги послужите, палачинките можете да ги премачкате со путер.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче