Необичната сол ги привлекува гурманите ширум светот, а Русија не е исклучок. „Солта ја задоволува потребата на луѓето за креативност во кулинарството“, смета сомелиерот за сол Јуриј Кесељман.
Тој ја споредува кујната со лабораторија на алхемичар, а солта со една од нејзините клучни состојки. Кај еден вид сол може да се почувствува арома на дрво на евла или вишна на кое се чадела, а кај друг доминантни се козачките мотиви со силна арома на лук. Секое јадење има своја сол“, тврди сомелиерот.
Во 2012 година Кесељман започна да продава во Русија географски уникатни соли (оние што се произведени на конкретно место) од целиот свет. Тогаш неговата понуда се состоеше од околу 60 видови. Но, во 2016 година Русија воведе ембарго за увоз на сол од земјите на ЕУ, САД, Канада, Австралија и други. Тоа беше поттик за руското производство на сол и соодветен момент за извоз на оваа намирница.
Русија секоја година произведува над осум милиони тони сол (податоци од 2022 година). Најголемите наоѓалишта на кујнска сол се: Илецко (Оренбуршка област), Тиретско (Иркутска област), Баскунчакско (Астраханска област), Верхнекамско (Пермски крај), Ељтонско (Волгоградска област) и Бурлинско (Алтајски крај).
Во Русија постојат географски уникатни видови сол кои не можат да се најдат на ниедно друго место во светот. Тоа се, на пример, розовата кримска и алтајска сол или дагестанската сол од селото Кванхидатли.
Заедно со сомелиерот избравме три вида руска сол од понудата на неговата компанија SaltLab и дознавме со кои јадења најдобро одговара секоја од нив.
Рецептот за црна сол е еден од најстарите. Создаден е во ерата кога солта и нејзиното мелење биле скапи. Затоа бил смислен начин како да се избегне мелењето и да се намалат трошоците за добивање на финалниот производ. Солта ја измешале со 'ржано брашно (со средина од леб или природен квасец за правење квас), ја завиткувале во ленено платно и ја печеле седум часа во печка на жар. Солта станувала растресита, фина и добивала арома на варени јајца.
Така приготвената сол на Чист или Велики четврток, а потоа осветена во црква, се нарекува Четвергова.
Денес црна сол се произведува на различни места во средната климатска зона на Русија, но најпознатата е онаа од Кострома.
Најдобра е во јадења со компири, јајца и месо. Може да се користи и како сол што се изнесува на трпезата и со која се досолува храната за време на јадењето.
Се појавила, исто така, во времето кога солта била скап производ: за да се намали количината на сол што се користи, луѓето заменувале дел од солта со зачини. Таквата ароматична сол со мешавина од зачини и лук одлично оди со печено о месо или компири, салата од свежи краставици или домашна супа.
Воз за розова сол, Сакско езеро, Крим
Сергеј Маљгавко/TASSОва е целосно природен производ кој се добива од Сакското езеро на Крим. Поради специфичниот минерален состав и микроалгите, водата во езерото е со интензивно розова боја. Свежо собраната сол исто така има розова боја, па оттука и нејзиното име. Се добива со седиментација од концентрирана саламура во специјални базени.
Кристалите задржуваат многу корисни материи. Затоа се користи и во гастрономијата и во козметиката. Кримската сол има лесна морска нота, погодна е за маринади и за пржени јадења.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче