Пред многу векови, номадските народи од Алтајскиот регион во Сибир научиле како можат да го чуваат млекото со тоа што долго ќе ја зачува неговата хранлива вредност. Еден од овие методи користеле за да го направат сирењето курут.
Името на сирењето доаѓа од туркиски збор што значи „сув“, односно „крут“. Се однесува на начинот на неговото подготвување - сушење на сирењето - познат на многу народи во Централна Азија.
Курутот се прави со ферментирање на млеко на посебен начин. Откако ќе се процеди низ ленена кеса, се остава во посебна просторија каде што се суши и чади на тивок оган. Така се подготвува традиционалниот алтајски курут. Има кафеава боја, солен е, со арома на чад и цврста конзистенција.
Денеска подготвуваме домашна верзија на курут каков што може да се најде во продавниците на Алтај. Овие мали бели тврди топчиња се прават со ферментирање на млеко и се сушат на сонце. Современите домаќинки ги сушат во рерна. Меѓутоа, оваа верзија ја нема аромата на чад како оригиналната верзија од Алтај.
За да го забрзам процесот, ја прескокнав подготовката на обично кисело млеко и користев готово кисело млеко од продавницата. Тоа може да го замени ситното сирење кое е основа за топчињата од сирење.
Процесот на подготовка е едноставен, но бара неколку дена и употреба на рерна на ниска температура. Подобро е да се користи кисело млеко со помал процент на маснотии. Посолете по вкус, но традиционалното сирење е прилично солено, затоа не штедете на сол.
Ќе добиете здраво и хранливо предјадење. Ова сирење може да биде дел од закуска или мезе, а се користи и како додаток на салата од зеленчук.
1. Измешајте ги солта и киселото млеко.
2. Ставете ја оваа кремаста маса во газата.
3. Врзете ги краевите на газата и закачете ги над сад за да се исцеди вишокот течност. Оставете 24 до 30 часа.
4. Масата ќе се згусне и ќе се намали.
5. Со раце свиткајте мали топчиња. Јас направив 12 парчиња со тежина од по 18 грама. Наредете ги на плех и ставете ги во рерна на 50-70 степени. Оставете да се сушат неколку часа.
6. Првиот ден ги сушев топчињата околу 3 часа и ги оставив преку ноќ во рерната на собна температура. Вториот ден ги сушев уште 2 часа. Можете сами да процените колку време треба да ги сушите.
7. Сирењето треба да биде цврсто и да не се лепи за прстите. Ќе добие и жолтеникава боја.
Не двоумете се, туку веднаш пробајте!
Курутот послужете го како закуска. Или како додаток на салата од зеленчук.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче