Руска „преснуха“: Рустична пита-тарт со свежо сирење (РЕЦЕПТ)

Јулија Мулино
Пробајте здрав деликатес со творог, блага урда од руското село.

Животот на село отсекогаш се разликувал од животот во град не само по секојдневниот живот, туку и по кулинарските традиции. Тоа го сфатив кога ја слушнав мојата пријателка како раскажува за своето детство поминато на село со нејзината баба. Ми раскажуваше за нејзиниот омилен десерт за време на летниот распуст во Тверската област и јас не можев да одолеам да не се обидам да го направам.

Мислам на „преснуха“, ’ржан рамен леб со фил што личи на пита-тарт. Кога почнав да ја проучувам оваа тема, дознав дека тоа е народен рецепт во локалните села. Името „преснуха“ потекнува од зборот „бесквасен“ („пресный“ на руски), бидејќи тестото е едноставно и без квасец.

Летната верзија на „преснуха“ се прави со фил од бобинки: рибизли, вишни или боровинки. Универзалниот рецепт е со фил од свежо сирење.

Традиционално, пченичното брашно се користело само за посебни прилики и празници. „Преснуха“ е многу едноставно јадење за секој ден. За неа е потребно 'ржано брашно и густа кисела павлака. А домашните млечни производи од село, свежото сирење и павлаката прават оваа пита-тарт да биде нешто посебно.

Пријателката ми раскажа како едно утро ја разбудил мирисот на печено тесто измешано со некаков чад од огништето. Се покажало дека баба ѝ испекла врела пита-тарт со благ „творог“ во шпорет на дрва, а потоа ја послужила со млеко.

Јас се обидов да се придржувам до оригиналните состојки, но ‘ржаното брашно не е секаде достапно и не е вообичаена состојка на модерните слатки печива. Така, во мојата верзија користев ‘ржано интегрално брашно од цело зрно, т.е. со трици, кои на пијалокот му дадоа уште посилна рустична атмосфера. За да ѝ дадам зимска нота на мојата пита-тарт и да го компензирам специфичниот вкус на 'рж, користев мешавина од зачини Speculaas spice mix.

Некои „преснухи“ се прават како индивидуално печиво наредено на плех. Јас користев алуминиумски калап за да не ми се истури филот од сирење. Додадов и неколку лажици густин во филот за да биде погуст.

Основата од масна павлака и интегрално брашно испадна како за бисквити - растеглива и крцкава, но нежна. Спротивно на тоа, финиот, сочен сладок фил се топи во устата.

Состојки (за 6-8 порции):

Тесто:

  • ‘Ржано брашно од цело зрно (со трици) – 150 г
  • Кисела павлака (30% млечна маст) – 80 г
  • Јајца – 1
  • Шеќер – 2 лажици
  • Сол – прстофат
  • Сода бикарбона – ½ лажица
  • Цимет, мускатно оревче, каранфилче, ѓумбир, анис (мелена мешавина зачини) – 1,5-2 лажички

Фил:

  • Свежо сирење (блага урда) – 300 г
  • Шеќер – 4 лажици
  • Жолчка – 1
  • Пченкарен скроб – 2 лажици
  • Сол – прстофат

Подготовка:

1. Соединете ги сите состојки за тестото и брзо замесете ја масата.

2. Формирајте топче и оставете го да отстои околу половина час завиткано во самолеплива фолија.

3. Свежото сирење испасирајте го низ цедалка.

4. Додајте ја жолчката

5. Додајте шеќер, сол и скроб, и измешајте сé.

6. Подмачкајте го со путер калапот за питата-тарт (16-18 цм).

7. Равлечете го тестото со сукало.

8. Преместете го во калапот така што тестото да ги покрие и внатрешните рабови на калапот.

9. Сипете го филот и израмнете. Печете 50 минути во претходно загреана рерни на 190 степени Целзиусови.

10. Послужете ја „преснухата“ ладна или топла со млеко.

Уживајте со млеко, кисељ или билен чај!

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња