Како да направите татарски елеш - сочна пита со пилешко и компир (РЕЦЕПТ)

Јулија Мулино
Нема ништо особено или скриено кога станува збор за подготовката на ова вкусно јадење, ниту пак ви се потребни некои посебни состојки за да го направите. Едноставно, од малку основно тесто, пилешко и компир можете да подготвите сочни и многу вкусни пити.

Вистинската автохтона татарска кујна може да се вкуси и ужива во Република Татарстан, а е особено позната по својот асортиман пити со месо. Постојат неколку видови пити со слично полнење, но нивната форма ќе ви каже што точно има внатре.

Елеш е традиционална татарска пита. Името значи „порција“. За разлика од ечпочмакот, уште еден познат вид татарска пита со овчо или говедско месо, филот за елешот е пилешко исецкано на коцки, компир со кромид и зачини. Тестото е без квасец, направено од павлака и путер. Однадвор, елешот е тркалезен и затворен, сличен на помал облик на друга татарска пита зур белиш

Она што е особено прекрасно кај елешот е големата количина сочен фил и тенкото крцкаво тесто кое потсетува на лиснато тесто. Тоа формира крцкава кора и станува сад во кој се пече филот. Ќе биде уште посочно ако наместо пилешки гради користите месо од пилешки батаци.

Елеш питите се обилни и многу вкусни. Обично се подготвуваат за посебни пригоди или за посета на важни гости. Елешот е особено вкусен со чај или топла месна чорба, а може да се сервира како самостојно јадење или како прилог со супа.

Состојки за 4 порции:

Тесто:

  • Брашно - 250 г
  • Јајце - 1 пар.
  • Растително масло без вкус – 2 лажички
  • Растопен путер - 3 супени лажици
  • Павлака (20%) - 2 супени лажици
  • Вода - 2 супени лажици
  • Сол - 1/2 супена лажица
  • Шеќер - 1/2 супена лажица

Фил:

  • Пилешко (батаци) - 250 г
  • Компир - 150 г
  • Голем кромид - 1 ком (80-100 г)
  • Путер - 40 г
  • Сол по вкус
  • Црн бибер по вкус
  • Стопен путер за подмачкување - 30-50 г

Подготовка:

1. Измешајте ги сите состојки за тестото во процесорот за храна со продолжеток за ножот.

Кога ќе се соединат, ќе добиете хомогена еластична маса.

2. Формирајте го тестото во топче, завиткајте го во ќесе и ставете го во фрижидер додека го подготвувате филот.

3. Излупете го компирот и исечете го на коцки. Класичната верзија на елешот се подготвува со големи парчиња од 1,5-2 см. Но, јас ги исеков на коцки од приближно 7 мм. На овој начин филот се распределува порамномерно внатре во питата.

4. Исечкајте го кромидот.

5. Месото исечете го на парчиња, а потоа додајте го во компирот и кромидот.

6. Посолете, забиберете и измешајте темелно.

7. Извадете го тестото од фрижидерот и поделете го на 4 дела.

8. Поделете го секој дел на 2 дела, во пропорции 1/3 и 2/3.

9. Поголемиот дел расукајте го во тркалезна палачинка.

10. На тоа ставете фил и парче путер.

11. Помалиот дел тесто расукајте го и со него покријте го филот.

12. Внимателно стиснете ги рабовите.

13. Обликувајте ги рабовите да бидат брановидни.

14. Ставете ги питите во плех со хартија за печење и печете во загреана рерна на 180℃ 45 минути.

15. Питите треба да добијат кафеникава боја.

16. Секоја пита премачкајте ја со растопен путер.

17. Питите се готови – послужете ги врели. 

Пријатен апетит!

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња