- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа
Печивото наречено „баба“ или „бапка“ е дојдено во Русија од Полска и стана популарно во северозападниот дел на земјата. За разлика од традиционалниот руски сладок и густ кулич со многу суво грозје, бапка е лесен и порозен празничен леб. За да стаса тестото подобро, во него не се ставал фил. И на тој начин бабата нараснува во многу висок колач. Порано го печеле овој колач и велеле: Вади ја бапката - ќе се расипе печката.
Најпознатиот рецепт за печење на овој велигденски леб во Русија е отпечатен пред околу сто години во книга напишана од Пелагеја Александрова-Игнатјева. Како кулинарски инструктор таа не само што го дава рецептот, туку и детално го опишува процесот на правење на овој кулич. Затоа и понатаму е популарен меѓу домаќинките.
На пример, Пелагеја посочува дека тестото треба долго да се меси, жолчките да се изматат во бела пена, да се печат во руска селска печка затоа што дава изедначена топлина и малку да се излади на мека перница, за бабата да не се згужва. Со текот на времето не сите совети останале применливи, на пример, модерните печки автоматски ја распределуваат топлината рамномерно.
Поради големото количество жолчки, бабата излегува многу проѕирна. Затоа во овој готвач се нарекува „чипкаста баба“. Навистина, тестото се крева 4 пати и куличот станува многу лесен и воздушен. За разлика од традиционалните куличи, „Чипкастата баба“ содржи помалку путер и шеќер.
За оние што сакаат благо, овој рецепт добро ќе им се најде, и тоа не само за Велигден. Фактот дека се прават во мали форми, овие куличи се совршени за макање во сируп. Со предложеното количество тесто испеков еден кулич и 6 рум-баби кои гарантирано ќе им се допаднат на сите во семејството.
Состојки за 2 кулича (10 см во пречник), или еден кулич и 6 рум-баби (3-4 см во пречник):
Јулија Мулино
Тесто:
- Брашно (12% протеини) - 300 г
- Млеко - 150 мл
- Жолчки - 7 парчиња
- Шеќер во прав - 50 г
- Путер - 75 г
- Сув квасец - 4 г
- Сол - 1/2 лажичка
- Сируп од ванила (или друга арома) - по вкус
Глазура за декорација:
- Глазура за декорација - 1 кесичка (50 г)
Глазура
- Млеко - 3 лажици
- Шеќер во прав - 1 лажица
Сируп
- Вода - 500 мл
- Шеќер – 400 г
- Рум - 150 мл
- Кора од лимон - по вкус
- Кора од портокал - по вкус
- Шипка ванила - 1 парче
Подготовка:
1. Растворете го квасецот во млекото.
Јулија Мулино
2. Земете малку брашно и измешајте го со таа смеса. Рецептот препорачува да се користи половина брашно. Моето кисело тесто излезе малку остро, па предлагам да користите нешто помалку од половина. Мешајте ја смесата додека не стане мазна, поклопете и оставете ја се крева на топло место 2-3 часа.
Јулија Мулино
3. Жолчките се матат со шеќер во прав и сол додека не се добие мазна бела пена. Додајте арома. Јас користев ванила.
Јулија Мулино
4. Посебно изматете го омекнатиот путер додека не стане посветол.
Јулија Мулино
5. По 2-3 часа тестото би требало убаво да набабри.
Јулија Мулино
6. Префрлете го во друг сад и почнете да месите, постепено додавајќи ја подготвената маса од жолчките и преостанатото брашно. Месете 10-15 минути додека тестото повеќе не се лепи на страните на садот.
Јулија Мулино
7. Додајте путер и месете го тестото уште 5-10 минути.
Јулија Мулино
8. Од тестото формирајте топче, поклопете и оставете го да нарасне 2 часа на собна температура.
Јулија Мулино
9. Почекајте 2 часа.
Јулија Мулино
10. Замесете тесто. Поделете го на два дела: еден за куличот, а другиот за 6 рум-баби. Дното на калапот обложете го со хартија за печење. Страните на калапот за печење не ги подмачкав.
Јулија Мулино
Подмачкајте ги калапите за рум-бабите со растително масло. Од тестото формирајте топчиња и ставете ги во калапите.
Јулија Мулино
11. Оставете го да расте на место каде што нема проток на воздух. Јас го ставив во рерна која веќе беше исклучена и изладена. Тестото би требало да порасне отприлика два пати од првобитната големина. Внимателно извадете ги калапите од рерната, а потоа загрејте ја рерната на 190℃.
Јулија Мулино
12. Врвовите на тестото премачкајте ги со мешавина од млеко и шеќер.
Јулија Мулино
13. Ставете го во рерната. Намалете ја температурата на 180℃ и печете 10-15 минути.
Јулија Мулино
14. Мојот кулич се печеше само околу 35 минути. Проверете со чепкалка за заби дали тестото е печено.
Јулија Мулино
15. Ставете ги векните на куличот и рум-бабите или на перница обложена со пешкир или како што направив јас, на решетка, повремено вртејќи ги.
Јулија Мулино
Јулија Мулино
16. Украсете го врвот на куличот со готовата глазура.
Јулија Мулино
17. Тестото треба да биде воздушесто. Затоа колачот треба внимателно да се сече.
Јулија Мулино
18. Кога потполно ќе се изладат печените рум-баби (макар што некој ги потопува и додека се уште врели), потопете ги во сирупот што ќе го подготвите на следниов начин: измешајте вода, шеќер, кора од портокал и ванила и варете уште 3 минути откако ќе зовријат. Тргнете го од оган и оставете малку да се излади.
Јулија Мулино
19. Додајте го румот.
Јулија Мулино
20. Рум-бабите натопете ги со топол, но не врел сируп. Оставете ги да отстојат.
Јулија Мулино
21. Ако сте љубител на лесни, незасладени печива, уживајте во куличот „Чипкаста баба“.
Јулија Мулино
22. За оние што сакаат благо, тука се рум-бабите!
Јулија Мулино