Бови е традиционално јадење на бурјатскиот народ кој живее во Сибир. На почетокот бовито се правело за посебни свечени прилики како што се свадби, родендени или верски празници. Ова слатко печиво е популарен деликатес особено во зимските месеци кога надвор е студено, што му дава посебен шарм.
Обично бовито го правела самата домаќинка и рецептот се пренесувал од колено на колено. Точниот рецепт често бил тајна и се споделувал само со најблиските членови на семејството. Денес, бови сé уште се прави на традиционален начин и е омилена слатка во Бурјатија.
Покрај тоа што има извонреден вкус, бовито се поврзува и со многу културни традиции. Често се носи како подарок на пријателите и роднините како симбол на љубов и почит. Покрај тоа, се верува дека бовито им носи среќа и просперитет на оние кои го јадат.
Особено е интересно што будистите во Бурјатија исто така високо го ценат бовито. Тие го доживуваат ова печиво како начин да покажат почит кон Буда и неговото учење. Легендата вели дека првото бови го испекол будистички монах верувајќи дека така ќе го нагости Буда и ќе се здобие со просветлување и духовна исполнетост. Дури и денес се верува дека со консумирање на бови е можно соединување со Буда и добивање на неговиот благослов.
Бови традиционално се служи со кондензирано млеко или мед за да му се даде поароматичен вкус. На тој начин печивото добива сладок и кремаст вкус и е уште попријатно за јадење. Уникатно искуство претстаува комбинацијата на меката и вкусна внатрешност и крцкавата кора со сладок фил.
Бови може да се грицка за ужина, сам, без додатоци или може да биде дел од поголем оброк. Популарно е во кафулињата и пекарите, а често се служи со чај или кафе. Многумина уживаат во правењето бови дома, експериментирајќи со различни филови за да создадат свои комбинации на вкусови.
1. Во поголема чинија се ставаат јајцата и шеќерот, се матат убаво додека масата не стане лесна и пенеста.
2. Во микробранова печка растопете го путерот и додајте го во смесата.
3. Сипете го топлото млеко и изматете додека убаво не се соедини.
4. Во посебен сад измешајте ги брашното и сода-бикарбоната.
Постепено додавајте го брашното во садот со течните состојки додека не добиете мазно тесто.
5. Расукајте го тестото во тенок слој.
6. Исечете го на ромбови, потоа засечете ја средината на секој ромб, едниот крај провлечете го низ отворот во средината и малку затегнете го за да добиете форма на уво.
7. Добиените фигури пржете ги во врело масло, внимавајќи да не бидат премногу во тавата.
8. Пржете ги две минути од секоја страна или додека не станат златно кафени и крцкави.
9. Со дупчена лажица извадете ги бовите од тавата и ставете ги на чинија обложена со хартиена крпа која ќе го впие вишокот масло.
10. Послужете ги топли и уживајте!
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче