Спомените од детството се најмагични, а и храната тогаш изгледаше повкусно отколку денес. Ние во нашето семејство бескрајно уживаме да го слушаме тато како зборува за десертите од советската ера. Еден од нив се и кифличките со тесто од блага урда (на руски се нарекува „творог“).
Претпоставувам дека рецептот за кифлички прво бил објавен во некое женско списание, како што е списанието „Работница“ (Работничка), а потоа се проширил меѓу домаќинките, за повторно да биде запишан во готвачите.
Овие кифлички се колачиња во вид на мали кроасани посипани со шеќер. Тајната на нивната популарност е во тоа што од едноставни и достапни состојки можете брзо да направите прекрасен деликатес. Подготовката е толку едноставна што и дете може да ги направи.
Кифличките се топат во устата штом ќе ги извадите од рерна. Имаат текстура помеѓу печиво и лиснато тесто. Ако тестото го посипете со шеќер и го свиткате како кифлички, тие ќе бидат крцкави. А ако додадете фил, внатре ќе станат малку влажни.
Тато вели дека тетка му ги правела со желе бонбони. Домашните колачиња не можат да се споредат со нив. Мајка ми сака да ги полни со фил од кристал шеќер и цимет.
Овој рецепт за кифлички со желе бонбони веќе долго време го имам во мојата книга со рецепти.
За премачкување:
1. Благата урда се пасира низ цедалка, се додава во брашното и се меша.
2. Се додава путерот исечен на коцки.
3. Масата се соединува со прсти за да биде растресита.
4. Се додаваат жолчките.
5. Тестото се замесува, се завиткува со самолеплива фолија и се остава во фрижидер еден час.
6. Тестото се развлекува со сукало во круг и се сече на триаголници како за пица.
7. Желе бомбоните се сечат на лентички.
8. Парченце желе бомбона се става на широката страна на триаголникот и се замотува во кифличка.
9. Се премачкува со млеко и се потопува во кристал шеќер.
10. Се пече околу 30 минути во рерна загреана на 190 степени Целзиусови.
11. Се служат топли или ладни.
И не заборавајте да експериментирате са филовите!
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче