Кулинарската уметност на луѓето што живеат во Адигеја, една од републиките во Кавкаскиот регион, се формирала во текот на многу векови. Адигејците консумираат големи количини на месо и млечни производи, но медот отсекогаш заземал централно место во нивната исхрана. Поради високата калориска вредност и хранливоста, како и поради фактот што содржи многу витамини, медот е една од главните компоненти на слаткото печиво кое се прави во тоа поднебје.
Еден таков деликатес е и губат, традиционално адигејско лиснато тесто во вид на квадрат, полнето со мелени ореви, шеќер и мед. Губатот се подготвува по повод важни јавни настани, на семејни празници и за специјални гости, кои сакате да ги послужите со нешто посебно.
Тестото за губат повеќе наликува на она за кнедли. Но, по подготовката ќе се изненадите бидејќи добивате слатка како печиво. Губатот во Адигеја се служи со чај или сок од круша.
И покрај едноставните состојки и лесната подготовка, губатот се здоби со голема популарност. Се произведува во мали пекари, но во големи количини, и се продава насекаде. Сите со задоволство го купуваат и јадат - и жителите на Адигеја, и туристите.
Постојат два вида губат: бесквасен со сирење и сладок со ореви и мед. Сега предлагам да подготвиме слатка лисната варијанта. Ќе имате одличен додаток со чај за семејството и пријателите.
За тестото:
За филот:
Подготовка:
1. Најпрвин го подготвуваме тестото. Просејте го брашното со сода, шеќер и сол и измешајте.
2. Потоа изматете ги јајцата, додајте ја павлаката и долевајќи по малку почнете да го месете тестото.
3. Кога ќе ги соедините сите состојки и тестото стане колку-толку хомогено, ставете го на работна површина и постепено додавајќи брашно месете го додека не стане еластично и меко, и престане да се лепи на рацете. Покријте го и оставете да отстои половина час.
4. За тоа време подгответе го филот. Оревите и шеќерот смелете ги во блендер.
5. Растопете го путерот. Загрејте ја рерната на 180 степени Целзиусови. Плехот обложете го со хартија за печење. Тестото ставете го на површина посипана со брашно и поделете го на шест еднакви дела. Земете едно парче тесто, истанчете го да биде со правоаголна форма, со дебелина од околу 1 милиметар. Ставете го на хартијата за печење. Премачкајте го со стопениот путер и посипете го со шестина од филот
6. Истата постапка повторете ја со сите други парчиња тесто и делови од филот, редејќи го секој нареден слој тесто врз претходниот (но не заборавајте секој слој да го намачкате со стопениот путер и да го посипете со филот).
7. Целата пита потоа исечкајте ја со остар нож на квадрати.
8. Почнете да формирате питички така што двете кошиња на квадратчето по дијагонала ќе ги споите со прсти.
Наредете во плехот. Печете 20 минути.
9. Извадете од рерната, оставете ги питичките да се оладат 20 минути, а потоа секоја прелијте ја со лажичка мед.
Целосно изладете ги, и... Уживајте!
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче