Во Дагестан, зборот „урба“ значи „мелено ленено семе“. Лененото семе долго време било главната состојка во оваа вкусна и хранлива паста. Меѓутоа, денес може да се користат и бадеми, лешници, ф'стаци, семки од тиква и други. Освен урбеч од ленено семе, најпопуларна варијанта е од семки од кајсија. Во дагестанските продавници во асортиманот можете да ги најдете сите видови урбеч, а не е невообичаено ни да се комбинираат различни вкусови.
Урбечот пред сервирање често се меша со путер и мед. Додека пастата од семки од кајсија се служи со традиционалната дагестанска каша од кајсии.
Уште од старо време дагестанските горштаци со себе носеле урбеч на долги пешачења, бидејќи пастата не зазема многу простор и со денови дава чувство на заситеност. Урбечот се користи и како лек. Лененото семе го подига тонусот на телото и има ревитализирачки ефект. Содржи антиоксиданси, влакна и глутен. Корисно е за онколошки заболувања, стомачни проблеми, а ги чисти и крвните садови. Јаткастите плодови, од друга страна, даваат многу енергија и на организмот му обезбедуваат витамини и минерали.
Начинот на подготовка не е променет од XVII век. Со тоа што поради сé поголемата популарност мануелната работа ја заменуваат машини. Сепак, сите фази како што се натопувањето, гмечењето, сушењето и мелењето сè и понатаму присутни.
Во масовното производство урбечот се прави во течна форма и во форма на густа и леплива паста. Семките и јаткастите плодови се мелат меѓу камења, со што настанува мрсна паста.
Доста е напорно да се направи урбеч дома, но можно е.
Ја земам бел лен, бидејќи има поблаг вкус. Како и бадеми и семки од кајсија за поавтентичен вкус. Секоја состојка ја исушив и сомлев посебно, бидејќи тие на различен начин пуштаат масло.
Важно е да се запамети дека само суровото ленено семе ги задржува своите хранливи својства. Пред да ги смелите бадемите, можете малку да ги исушите, но не да ги печете. Дома подобро е да правите мали количини урбеч за да се задржи вкусот свеж.
Количината на состојки во овој рецепт за урбеч е одредена по мој вкус. Се надевам дека ќе ви се допадне!
Ленено семе (пожелно бело) – 60 g
Бадеми - 130 g
Семки од кајсија - 15 g
Мед - 2-3 лажици
Со – 1/5 лажичка
Путер - 25-50 g
1. Лененото семе сомелете го во мелница за кафе или силен блендер додека не добиете прашок. По некое време прашокот ќе се залепи за ѕидовите, изгребете го и продолжете со мелење. За да добиете течна, масна маса, потребни ви се повеќе семки и подолго мелење во силен блендер. Јас добив ситен, мрсен прав.
2. Ги извадив семките од кајсиите. Обратете внимание: потребно е малку време за тоа, а кајсиите не се секогаш сезонски. Се разбира, можете и без нив. Но, јас препорачувам да додадете барем малку заради специфичен вкус.
3. Исушете ги семките кајсија и бадемите во рерна (15 минути на 140°С).
4. Бадемите се мелат во блендер и се посолуваат. Симнете ги од ѕидовите и продолжете со мелење додека смесата не стане кремаста и сјајна.
5. Во меленото ленено семе додадете една лажица мед. Колку повеќе е течен медот, толку поеластична ќе биде масата. Мојот мед беше многу густ, па масата излезе доста тврда.
6. Извадете ги јадрата од семките од кајсијата и сомелете ги во блендер.
7. Измешајте ја масата од бадеми, смесата со ленено семе и мелените семки од кајсија.
8. Сега можете да ја ставите пастата во керамички или стаклен сад со капак и да ја чувате во фрижидер најмногу еден месец.
9. Пред употреба растопете го путерот и малку изладете го.
10. Додајте го медот во путерот и промешајте додека не се соединат.
11. Во пастата додадете ја смесата од путер и мед. Можете да користите различен сооднос на паста, мед и путер во зависност од густината што сакате да ја добиете. Јас ставив 25 гр путер и една лажица мед за 80 грама паста.
Течниот урбеч можете да го додадете на каша, јогурт или пудинг од чиа семе. Покремастиот може да се мачка на тост или на резниња јаболка. Смесата со путер треба да ја искористите веднаш или во рок од неколку дена.
Пријатен апетит!
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче