Курзеите се едно од најпопуларните јадења во Дагестан. Тие се разликуваат од другите полнети парчиња тесто по нивната уникатна форма и специјалниот метод на подготовка. Курзеите се прават во вид на солза со заоблен крај од едната и зашилен крај од другата страна. На врвот има спој во вид на плетенка.
Се верува дека јадењето го добило името по овој изглед. Зборот „курзе“ инаку потекнува од зборот „гурза“, што е назив за змија. Шарата на врвот, имено, наликува на начинот на кој се движи змијата. Меѓу дагестанските свекрви постои обичај идната невеста да се тестира според нејзината способност да обликува курзеи. Ако девојката знае вешто и точно да направи шара за курзе, се смета дека ќе биде добра домаќинка.
Обликот на курзето не е единственото нешто што го прави ова јадење различно од другите теста со фил. Треба да се додаде и сурутка или домат на меленото говедско или јагнешко месо. За време на сезоната на свежи домати, се одлучив за курзе филувано со овој зеленчук.
Малку кромид се пржи на путер и се динста со свежи домати и зачини. Свеж кромид, свежи ароматични билки и лук се додаваат подоцна. Оваа комбинација дава уникатен вкус, кој е деликатен и ароматичен во исто време.
Иако филот е многу сочен, курзеите често се подготвуваат со додаток на посебни домашни преливи. За да направите прелив од павлака, измешајте лук и ситно сечкани билки. За преливот од домати, исчистете ги и иситнете ги доматите, додајте ги зачините и варете неколку минути во масло. Меѓутоа, со едноставен прелив од павлака врелите курзеи ќе биде подеднакво вкусни.
Тесто:
Брашно - 500 g
Вода - 200 g
Јајце – 1 пар.
Сол – 1 лажиче
Сончогледово масло – 2 лажици
Фил:
Мелено говедско или јагнешко - 500 g
Кромид – 2 пар.
Домат – 4 или 5 пар.
Лук – 2 чешниња
Магдонос/коријандер/мирудија – врзоп
Путер - 50 g
Вода - 5-6 лажици
Сончогледово масло - 2 лажици
Црн бибер по вкус
Сол по вкус
Коријандер, ким, мајоран – 1,5 лажички по желба
1. Во миксер со додатоци за мешање тесто се ставаат водата, маслото и јајцата и се додаваат брашното и солта. Замесете тврдо тесто. Мене ми беа потребни околу 10-15 минути.
2. За тестото да биде поеластично, ставете го во кесе 30-60 минути.
3. Кромидот се сечка што е можно поситно. Пржете го на путер со сончогледово масло додека не добие златножолта боја. Додајте зачини и сол, па динстајте околу дваесет минути, мешајќи и внимавајќи сосот да не се лепи на дното.
4. Оставете го сосот од домати да се излади.
5. Исечкајте ги другата главица лук, кромидот и ароматичните билки.
6. Во длабока чинија промешајте ги меленото месо, сосот од домати, ситно исечканиот свеж кромид, издробениот лук и исечканите билки.
7. Добро измешајте, додавајќи вода која ќе го натопи месото и ќе обезбеди доволно течност внатре во тестото. Меленото месо го изгмечив со раце.
8. Поделете го тестото на 4 еднакви дела. Додека работите со еден дел од тестото, остатокот ставете го во кеса за да спречите да не се пресуши.
9. Се расукува парче тесто не многу тенко, за да не го скине филот. Со модла исечете кругови со дијаметар од 6-8 сантиметри. Покријте ги исечените кругови додека ги правите другите.
10. Во центарот на кругот се става една лажица фил. Подигнете го едниот раб така што ќе остане заоблен. Почнете да го виткате работ на тестото од двете страни, покривајќи го филот и штипкајќи го тестото. Другиот крај оставете го зашилен. Од една четвртина тесто ќе направите околу 22 курзеи долги 6 сантиметри или 12 курзеи долги 8 сантиметри.
11. Обликуваните курзеи ги ставив на мазна површина, малку посипана со брашно. Курзеите се варат во зовриена вода околу 7 минути.
12. Послужете ги топли со јогурт и свежи зачински билки. Пријатен апетит!
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче