- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа
„Пишки“ се прстенести парчиња тесто кои се пржат во врело масло. Потоа овие меки крукчиња добиваат златна крцкава кора и се посипуваат со шеќер во прав. Што друго може толку многу да го примами и окрепи човекот во студените зимски денови?
„Пишки“ станаа еден од гастрономските симболи на Санкт Петербург (поранешен Ленинград). Не е ни чудо што може да се купат на многу места, но има едно место кое посебно се издвојува од останатите. Тоа е познатата „Пишечнаја“ (кафе-бар специјализирана за правење „пишки“) на улицата „Болшаја Коњушенаја“, каде што се печат „пишки“ уште од 1958 година.
По сите изминати години, тој сè уште е отворен и секојдневно привлекува долги редици посетители. Всушност, тој е еден од ретките јавни ресторани од советската ера што преживеал до денес. Тоа е омилено место за студентите, љубителите на градското планинарење (шетање по покривите на зградите) и гостите. Пишките се евтини (околу 0,30 евра по парче) и уникатни. Љубителите на ова прекрасно печиво обично нарачуваат и јадат 3-4 пишки во една посета.
Петербуршките пишки се прават на апарати од советската ера по традиционален рецепт. Можете да ги јадете во кафулето со кафе или чај или да ги земете во хартиена кеса и да уживате во паркот.
И сега следува одлична вест! Не мора да одите во Санкт Петербург за да ги пробате овие исклучителни крофни од советската ера. За да направите ваши вкусни „пишки“, топли и меки, со крцкава кора, потребни ви се едноставни состојки кои лесно може да се најдат дома. Подготвувајќи ги дома вие имате тројна добивка: нема да морате да купувате авионски билет за Русија, и таму нема да стоите во ред за да ги купите, и што е можеби и најважно - сами ќе ја одредите количината на шеќер во прав!
Состојки за изработка на 15 „пишки“:
Јулија Мулино
- Брашно – 230 г
- Вода – 150 г
- Путер – 15 г
- Шеќер – 20 г
- Сол – прстофат
- Сув квасец – 2 г
- Растително масло за пржење
- Шеќер во прав, по желба
Подготовка:
1. Измешајте ги квасецот и шеќерот во топла вода.
Јулија Мулино
2. Додајте го стопениот путер.
Јулија Мулино
3. Сипете ги брашното и солта.
Јулија Мулино
4. Замесете го тестото. Подобро тоа да го направите со миксер, бидејќи тестото е течно и ќе ви се лепи за рацете. Такво и треба да биде. Не додавајте брашно за да останат парчињата тесто лесни и воздушести. Ако месите со рака, работете со силиконска стругалка или шпатула.
Јулија Мулино
5. Намачкајте длабок сад со масло и префрлете го тестото во него. Покријте го со проѕирна фолија и оставете го да нарасне еден час.
Јулија Мулино
6. Потоа интензивно премесете го.
Јулија Мулино
7. И оставете да отстои уште еден час.
Јулија Мулино
8. Тестото се дели на мали топчиња, приближно по 30 грама. Додека работите со тестото, намачкајте ги рацете со растително масло. Не користете брашно бидејќи при пржењето ќе гори во маслото. Ставете ги на површина подмачкана со масло и оставете ги да нараснат 15-20 минути.
Јулија Мулино
9. Во длабока шерпа загрејте го сончогледовото масло (дали маслото е подготвено за пржење можете да проверите со дрвено раженче - ставете го во маслото и ако се појават меурчиња, маслото е подготвено). Со палецот и средниот прст направете дупка во центарот на секое топче.
Јулија Мулино
10. Пржете ги од двете страни и постојано вртете ги.
Јулија Мулино
11. Готовите крофни извадете ги на хартиена крпа.
Јулија Мулино
12. Пред сервирање крофните посипете ги со шеќер во прав.
Јулија Мулино
Послужете додека се топли.
Јулија Мулино