Лајфхак: Пет совети за користење на вотката

Russia Beyond (Legion Media, Getty Images)
Не знаете ништо за Русија ако мислите дека вотката е добра само за пиење.
  • Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
  • Сите наши најнови и најактуелни текстови пристигнуваат директно на вашиот паметен телефон! Ако „Фејсбук“ одбива да ги споделува нашите објави, со „Телеграм“ сме секогаш со вас!
  • Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!

Вотката секогаш се доведува во врска со Русија, иако таа не е дури ни нејзиниот вистински национален пијалок. Но, вотката е навистина популарна во Русија и се користи не само за пиење, туку и како народен лек за безбројните проблеми со кои секојдневно се соочуваат граѓаните на Русија. Ова е преглед на најчестите ситуации во кои Русите користат вотка - освен што ја пијат, се разбира!

Одрекување на одговорноста: Иако наведените лековити методи може да бидат ефикасни и можат да помогнат во екстремни ситуации, сепак во ниту еден случај не треба да се третираат како замена за стручна медицинска помош.

1. Симнува висока температура

Високата температура може да биде опасна. Вотката може да послужи како привремено решение во ситуации кога не е можно да ви се даде итна и стручна медицинска помош и препишана терапија. Натопете сунѓер во вотка и истријте го пациентот на рамената, градите и под двете пазуви и оставете го да се исуши. Тоа е проверен метод за привремено симнување на телесната температура, што во одделни  ситуации може да биде спасоносно.

2. Го освежува оделото

Вотката помага да се неутрализира мирисот на оделото кое е веќе за перење. Ако немате можност да си ја исперете кошулата, а морате и понатаму да ја носете (на пример, ако сте на службен пат во далечните делови на Сибир или одамна снемало вода кај вас и никако да дојде), едноставно измешајте ¼ вотка со ¾ вода и испрскајте ја кошулата. На истиот начин можете да ги освежите и обувките. Потоа оставете ги облеката или обувките да се сушат надвор додека не испари мирисот на алкохол и сé ви е подготвено за утрешниот состанок.

3. Делува смирувачки по каснување од инсект

Каснување од стршен, болва, а особено од комарец може да предизвика алергиска и токсична реакција, т.е. оток и чешање. Ако немате некакви потешки симптоми и не страдате од силна алергиска реакција, можете да го елиминирате чешањето со вотка. Нанесете ја на чепкалка за уши и тријте го со него местото на каснување. Вотката би требало да ја дезинфицира кожата и да го ублажи чешањето.

4. Служи како средство за дезинфекција

Вотката можете да ја користите како средство за дезинфекција. Можете да ги истриете рацете со неа и на тој начин да ги елиминирате вирусите и бактериите пред да скршете парче мраз во дивината. Доколку немате специјални лекови, вотката може да биде спасоносно средство за дезинфекција на помали исеченици и рани. Имајте предвид дека дезинфекцијата на раната со вотка сега се третира како застарена и дека некои медицински работници во нормални услови не препорачуваат нејзина употреба за такви цели. Но, во отсуство на соодветни медицински средства, вотката може да биде од голема помош бидејќи е далеку подобро раната да се дезинфицира со вотка отколку да се остави нетретирана во нестерилна средина.

5. Ги чисти прозорците

Немате средство за чистење прозорци? Употребете вотка. Навлажнете меки марамчиња со вотка и измијте ги прозорците. Со вотката на истиот начин може да се измијат и чаши. Методот е проверен. Алкохолот брзо ја чисти прашината и се суши без да остави траги во вид на карактеристичен мирис. Порано во Русија вотката се користеше и за чистење на мониторите. Всушност, се користи и денес!

Овде дознајте дали и вотката ѝ помогна на Црвената армија да ги победи Германците?

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња