На првиот ден од свадбениот при младенците по венчавката заедно со роднините и пријателите се гостеле на посебна трпеза.
Рускиот етнограф Иван Голишев опишува свадба во Владимирската област (близу Москва) вака: „Се покануваат сите роднини на младоженецот и невестата. На портата ги пречекуваат таткото, мајката и младоженецот. Таткото врачува млад „каравај“ од темно брашно (тркалезен обреден леб украсен со фигурини од тесто) и до земја им се поклонува на сватот и сваќата (родителите на невестата). Пред почетокот на вечерата се изнесуваат три чаши вотка, овошен ликер или црвено вино, или медовина, во зависност од тоа кој што пие“ („Богојавленска Слобода на Мајсторот на Владимирската губернија на Вјазниковскиот округ, 1863).
Михаил Шибанов, „Прослава на венчавка“, 1777.
Третјаковска галеријаПредјадењето се состоело од бут, овча глава и пивтија. Потоа следела чорба, и тоа од гускини делови од утроба. Се разбира, менито во голема мера зависел од местото. Во другите региони домаќинките можеле да направат шчи (чорба од зелка), тестенини во булјон од месо или боршч.
Потоа следело второто јадење. Голишев вели дека тоа било каша од просо и разни парчиња овчо, прасечко или гускино месо. Се сметало дека славјето е побогато колку што на свадбената трпеза има повеќе јадења од месо и риба. Поради тоа пред свадбата се колеле свињи, доколку семејството на младоженецот можело да си го дозволи тоа.
Константин Маковски, „Болјарски свадбен пир“, 1883.
Музеј „Хилвуд“, Вашингтон, САДКога ќе се сервираат делови од утробата на овен, младоженецот го вади бубрегот, го сече на најситни парчиња и им го дели од виљушката на сите присутни... Кога се изнесува гусак, младенците стануваат од масата и одат да се преслечат“, пишува етнографот.
Додека гостите јаделе, младенците не ги вкусувале храната и пиењето. Тие можеле да се послужат само симболично пред гозбата. На северозападот на Русија на младенците им давале пита филувана со риба „за да има многу деца, како риба во река“, и млеко со брусница „за да бидат здрави како „крв и млеко“ (руски термин кој се користи кога некој е во добра здравствена состојба“).
Рускиот етнограф Михаил Забилин во книгата „Руски народ. Неговите обичаи, обреди, преданија, суеверија и поезија“ (1880) опишува уште еден интересен обичај: „Пред местото каде што седеа младенците беше поставена маса и на неа три чаршави, еден преку друг. На нив се става соленик со сол, „калач“ (бел леб во вид на плетенка или катанец) или „перепеч“ (вид ватрушка, отворена земичка со фил) и „творог“ (млада урда) ... Кога пред гостите се изнесува третото јадење, т.е. лебед, пред младенците се става печено пиле. Старосватот од страната на младоженецот ќе го земе тоа печено пиле, ќе го завитка во чаршав, оној во средината... и ќе го стави пилето пред младенците“.
Вториот ден од свадбата во куќата на младоженецот бил исполнет со песна и игра, а третиот ден младата сопруга ги демонстрирала своите кулинарски вештини, т.е. правела разни пити за гостите.
Во стара Русија постоел обичај младенците по венчавката да ги дочекуваат со леб и сол на прагот од родителската куќа. Тој леб се викал „каравај“. За свадбата бил правен во тркалезен облик, украсен со плетенки, цветови и лебеди од тесто. Обликот на кругот симболизирал сонце и во исто време плодност и благостостојба. Се верувало дека „каравајот“ треба да го пече жена која е среќна во семејниот живот и има здрави деца, бидејќи во тој случај и новото семејство ќе биде среќно.
Рјабушкин А. П. „Исчекување на младенци од венчавка во Новгородската губернија“ 1891.
Руски музејСекоја декорација на каравајот има посебно значење. Прстените го симболизираат бракот, класјето е симбол на плодноста и изобилството, гулабите или лебедите се симбол на верноста, цвеќето ја симболизира женственоста, а калината љубовта.
„Каравај“ бил наменет пред сé за младенците. Тие ќе скршеле по парче на прагот од куќата, но за време на гозбата и секој гостин морал да проба и парче „карајан“ и на тој начин да ја сподели радоста со младенците.
„Курник“, затворена повеќеслојна погача со фил и отвор на врвот, исто така долго време уживал статус на обреден свадбен леб. Се печел во вид на четиристрана или осумстрана шапка слична на раскошната капа на рускиот кнез Владимир Мономах кој владеел во XI век.
„Курник“ се печел со фил од пилешко и пченични зрна. Кокошката и петелот симболизирале добро потомство, а пченицата богатство и плодност. Понекогаш во курникот „за среќа“ се ставале лушпи од јајца или пилешки коски. Ако родителите на младоженецот не биле имашни и немале доволно пари за пиле, тогаш печеле леб со поевтини филови, т.е. со просо и печурки, коренест зеленчук или зелка. Обично се печеле два „курника“ - еден за невестата, другиот за младоженецот. Невестинскиот бил украсуван со цвеќе и птици (знак на женственост и убавина), а на младоженецот со фигурини во вид на луѓе и животни (симбол на изобилство и семејство со многу деца).
Рјабушкин А. П. „Селска свадба во Тамбовската губернија“, 1880.
Третјаковска галеријаСе вели дека во некои области имало обичај за време на гозбата да се крши „курникот“ над главите на невестата и младоженецот. Се сметало дека младенците ќе живеат побогати ако на главите им паднат колку што е можно повеќе зрна пченица.
Покрај големите полнети колачи, на свадбената гозба секогаш имало и многу мали пирошки со различни филови, меѓу кои и „растегај“ (долгавесто квасно печиво со голем отвор во средината каде што е филот). Ги служеле во текот на целата гозба наместо леб. За десерт, печени слатки пити (филувано печиво) и медени колачиња.
„Селска свадба“, Ткачов С. П.; Ткачов А. П.
Музеј „Браќа Ткачови“По револуцијата од 1917 година, власта се сврте против Црквата, така што и венчалниот обред престанал да се практикува како во големите градови, така и во селата, а заедно со него исчезнале и многу свадбени обичаи. Изнесувањето „каравај“ со сол пред младенците е еден од ретките гастрономски обичаи кои преживеале до денес.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче