Рускиот квас стана најновиот тренд во Америка

Legion Media

Рускиот квас бележи сериозен пробив во американската култура на студени пијалаци, вклопувајќи се во трендот на популарноста на пробиотските напитоци, пишува „Сиетл Тајмс“.

Американското гласило го споредува квасот со киселкасто-слаткиот газиран пијалак комбуха, бидејќи и двата се подготвуваат на база на овошје и квасец.

„Ферментацијата е новиот тренд, рецепторите за вкус на Американците кои претходно избираа само меѓу Кола и Спрајт брзо привикнуваат на чудниот киселкаст вкус сличен на оцет, на овошните сокови со оцет и комбуха“, се вели во текстот.

И додека претходно, како што се наведува, газираниот пијалак требало да биде едноставно освежувачки и да има убава боја, сега мора да биде уште и „жив“ преполн со милиони бактерии кои во Америка детално се уништувани, а во овој момент сесрдно се одгледуваат.

„На тој начин, доколку сакате да бидете во чекор со најновиот тренд во областа на пробиотските напитоци (и да го прилагодете системот за варење на производите од својата земја) ќе морате да обрнете внимание на изворно рускиот пробиотски напиток под називот квас“, пишува американското гласило.

Порталот пишува за начинот на подготовка на квасот, споредувајќи го со нефилтрирано пиво. Квасот се нарекува „течна квинтесенција на вкусовите на источноевропската кујна“.

„И покрај тоа што квасот си го пробива патот до фрижидерите на Американците служејќи се со поплочените патишта на неговите роднини како комбухта или оцетот за пиење, кај нас има многу малку компании кои произведуваат и флашираат пијалак со етикетата „квас“, пишува „Сиетл Тајмс“.

Една од нив е Иги’с (Iggy's) од Сиетл. Фирмата произведува квас од репка, меѓутоа тој е, како што се наведува, „далеку посличен на воден кефир отколку на изворниот руски пијалак настанат врз база на леб наквасен во вода“. Се вели дека квасот го има во многу угостителски објекти. Исто така, се предлага руски квас да се побара на сајтот на „Амазон“.

„Меѓутоа, морам да ве предупредам. Иако навидум потсетува на Кола, според вкусот повеќе потсетува на бајат наквасен леб“, забележува авторката на текстот.

Прочитајте повеќе: Квас – вистински национален пијалак на Русија

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња