Да започнеме од разликата која и не е толку гастрономска – името. Во Русија руската салата се нарекува „оливје“ според името на пронаоѓачот, францускиот готвач Лисјен Оливје. Тој бил сопственик на московскиот „Ермитаж“, еден од најлуксузните ресторани во Русија и го држел рецептот во тајност до својата смрт. Оригиналната салата според рецептот на Оливје имала една важна разлика: таа задолжително се правела со месо од лештарка и се сервирала со ракчиња. Како и да е, салатата постои повеќе од 150 години, и таа е едно од најпознатите јадења од руската кујна во светот. Треба да се забележи дека салатата „оливје“ не се нарекува руска само во Македонија, ами и во многу други земји.
Една од основните состојки во салатата е саламата. Во Русија често се употребува таканаречената докторска салама (започнале да ја употребуваат во советско време), а во Македонија тоа е шунката. Но, во Русија наместо салама може да се користи и месо – говедско, телешко, пилешко, па дури и мисиркино.
Според оригиналниот рецепт на Лисјен Оливје во салатата се додава мајонез. Но, и покрај тоа, многумина во Русија, особено оние што не сакаат мајонез (замислете, постојат и такви) често го мешаат мајонезот со павлака. Во Македонија најчесто „монополот“ на мајонезот во овој домен не се нарушува.
И во Русија и во Македонија за подготовка на оваа салата се користат кисели краставички. Но, во Русија некои им даваат предност на свежите краставички, или, пак, ги мешаат киселите со свежи, што ја прави салатата полесна.
Мошне неочекувана состојка. Јас досега во Македонија немам сретнато ниту еден човек кој во руската салата додава рендана зелена јаболка. Но, во Русија многумина ја додаваат за свежина.
Ова е задолжителен дел од руската салата во Русија. А, во Македонија оваа состојка не е задолжителна и некои не ја ставаат.
Присуството на кашкавал во оваа салата кај Русите (специјалисти за руска салата!) предизвикува чудење, а понекогаш и збунетост. Кашкавалот во Македонија не го употребуваат сите, но многумина го додаваат. Тој ја прави салатата погуста и побогата, но според мислењето на некои и потешка.
Уште една состојка што ја нема во руската салата во Русија. Во Македонија, пак, за пикантност понекогаш ја додаваат, што кај Русите, исто како и во случајот со кашкавалот, може да предизвика чудење.
Без оглед на разликите, руската салата и во Русија и во Македонија секогаш е поврзана со празници, свечености, а значи и со радост и среќа! Среќна Нова година!
Прочитајте за уште една руска салата - Винегрет!
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче